Сè сме виделе, ама ова не: Направи најубава блуза од обична машка кошула! За 2 секунди! (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Модните идеи од Инстаграм понекогаш се многу оригинални, но и практични и употребливи. Таков е случајот со оваа, која машката кошула ја претвора во прекрасна женска блуза

Вистинско задоволство да ггледаме модни предлози кои всушност можеме да ги примениме и тоа на наједноставен начин. Токму таква е идејата на Доранели Спатон, која успеа да претвори обична машка кошула во ексклузивна женска блуза. 

Најдобро е да земете кошула од мек материјал кој убаво паѓа како на пример вискоза. Свртете ја кошулата навнатре, а потоа фатете ги краевите и врзете ги околу вратот. Преклопете го горниот дел неколку пати, така што јаката ќе се скрие и ќе се притисне на телото.

На градите ќе се направи драпер, а ракавите замотајте ги околу половината, а потоа повлечете ги напред. Внимателно преклопете ги наборите на стомакот и прицврстете ги манжетните заедно.

Секако, за оваа идеја можете да искористите и женска кошула, но погрижете се таа да биде една од предимензионираните што се носат сега. Колку е лесна и ефикасна оваа идеја, погледнете сами!

View this post on Instagram

A post shared by (@doranellyspatton)



Извор: lepaisrecna.mondo.rs