Сакала да изгледа како лик од цртан филм: Паднала во кома и едвај преживеала, а денес изгледа вака...
Пикси Фокс
платила околу 80.000 евра за да изгледа како омилените ликови од цртаните филмови,
но откако операциите почнале да и го загрозуваат здравјето, веднаш престанала со
страшните трансформации. Денес изгледа сосема поинаку.
Меѓу другото, Фокс отстранила и шест ребра за да личи на Џесика Ребит и Заспаната убавица, од кои најчесто црпела инспирација.
32-годишната Швеѓанка, во рок од неколку години направила операција на градите, отстранување на ребрата и реконструкција на лицето. Поради екстремните и ризични промени на телото таа изгледала како „жив цртан филм“.
Но, нејзиниот живот засекогаш се променил кога операциите почнале да влијаат на нејзиното здравје. Таа дури тогаш одлучи да престане да оди под нож, а наместо тоа се фокусирала на своето закрепнување.
Откако се повлече од социјалните мрежи, пред неколку месеци Пикси се вратила повторно само за да ја сподели својата трогателна приказна, во која открива дека опсесија со пластични операции за малку ќе ја убиела.
- Ви благодарам за трпението. Се опоравувам од компликациите кои се случија за време на операцијата. Поминав доста време со моето семејство и неколку пријатели кои ми помогнаа во текот на овој процес. Бев позната по пластичните операции, ги рекламирав лекарите и процедурите што ми ги правеа - вели оваа жена.
Денес, го пишува овој пост со цел да ги заштити и другите девојки кои го рекламираат докторот кој за малку ќе ја убиел.
- Живеам дома со семејството во Шведска, се опоравувам од оштетувањето на мозокот што го добив по операцијата кај овој доктор. Тој ги уништи животите на толку многу луѓе. Дури еден пациент почина. Тој не презема до сега никаква одговорност за стореното. Дури и ме блокираше на социјалните мрежи. Се разбира, тоа е она што тој го прави кога работите ќе тргнат наопаку. Јас не сум првата, ниту пак последна која претрпела последици. Овој пост го пишувам за да ги заштитам останатите луѓе. Не му верувајте на овој доктор – додава Фокс.
Таа има среќа што сè уште е жива откако беше во кома повеќе од една недела.
- Многу сум среќна што пријателите и семејството ми помогнаа во овој тежок период, вели девојката чиј живот сега, две години по голготата која ја помина, изгледа многу поинаку.
Таа објави неколку селфи фотографии во последните недели, а фановите не можат да поверуваат колку поинаку изгледа од порано. Наместо да објавува за пластични операции како некогаш, таа сега поминува време со своите миленици во природа. Таа откри дека кога целосно ќе закрепне има желба да биде фармацефтка, а нејзините следбеници се среќни што таа конечно чекори по витинскиот пат на животот.