Саманта јавно ја исплука новата сезона и направи општ хаос: Вратата во „Се*сот и градот“ засекогаш ѝ е затворена

Уште по премиерата на првата епизода, на Ким Катрал и се допаднаа неколку, па дури и одговори на еден твит кој ја навреди новата сезона на серијата...

Ако постоеја индикации дека во одреден момент легендарната Саманта ќе се врати во „Сексот и градот“, еден од креаторите, Мајкл Патрик Кинг, сега и ја затвори вратата засекогаш.

За жал, самата актерка е „виновна“ за ваквата одлука, бидејќи и се допаднаа објавите во твитовите во кои негативно се коментираше продолжението „And Just Like That...“.

Моментално ја гледаме Ким Катрал во спин-офот „How I Met Your Father“, а серијата за кратко време собра одлични критики и позитивни коментари. Секако, имаше и такви во морето твитови кои го „погодија“ продолжението на „Сексот и градот“, а актерката суптилно откри што мисли за се.

- Многу ми е драго што Ким Катрал го прескокна продолжението на „Сексот и градот“ и наместо тоа глумеше во серијата „How I Met Your Father“. Ако имате четириесет минути за трошење, подобро погледнете го – напишал еден обожавател на Твитер, а на актерката и се допаднала неговата објава.

Уште по премиерата на првата епизода, на Ким Катрал и се допаднаа неколку, па дури и одговори на твитот кој ја навреди новата сезона на серијата, тврдејќи дека е „неинспиративна“, „премногу политички коректна“, но и дека и недостига ликот на Саманта Џонс, која ја толкуваше токму Катрал.

Очигледно е дека креаторите на некогаш омиленото остварување повеќе не сакаат да трпат вакво однесување, а сега Мајкл Патрик Кинг по повод последната епизода од новата сезона на серијата изјави дека Ким Катрал нема да добие понуда за враќање на франшизата, дури и ако снимаат продолженија.

- Кога зборувавме за снимање на третото продолжение на филмот, Ким Катрал едноставно рече - не. И тоа е во ред. Не можеш да натераш актерка да интерпретира улога ако не сака – рече тој.

На прашањето дали вратата е сѐ уште отворена за Ким Катрал, дали некогаш сака да се врати во продолжение, Патрик Кинг едноставно одговори - „Не“.

- Едноставно не. Откако таа одби да снима филм и јавно проговори против серијата и актерките, никогаш немаше шанси да и доделиме улога во новата сезона на „And just like that“ - рекол тој.