Samsung Galaxy Fold сега e достапен

Добивај вести на Viber

Уредот на преклоп кој ја дефинира својата категорија инспирира нови мобилни искуства со својот UX кој може да се уреди, мобилност и моќен мултитаскинг

ИФА Саем Берлин/Скопје, Македонија/Германијасептември5, 2019Samsung Electronics Co., Ltd. денес го најави лансирањето на Galaxy Fold – целосно нова категорија на мобилна технологија – достапен во Кореја од 6. септември, па потоа ќе следат државите како Франција, Германија, Сингапур, Обединетото Кралство, САД и други, во Космос црна и Вселенско сребрена боја. Со својата 5G опција, во избрани држави, корисниците ќе можат да ја отворат иднината на најбрзите мрежи кои се достапни.


Galaxy Fold беше дизајниран да инспирира нови искуства: Кога е затворен може да се пристапи до клучните работи на екранот од надворешната страна со само една рака, а додека е отворен може да се откријат нови начини за мултитаскинг, гледаат видеа, играат игри и многу повеќе, на Infinity Flex екранот од 7,3 инчи[1] кој носи целосно внесување.

Низ минатите неколку месеци Samsung го рафинираше Galaxy Fold за да се осигури дека уредот го испорачува најдоброто можно искуство. Не само што се подобри дизајнот и градбата на Galaxy Fold, туку се оддели и време за повторно да го размисли целосното патешествие на корисникот.

„Уредот кој ја дефинира својата категорија, Galaxy Fold, им пркоси на ограничувањата на традиционалните смартфон дизајни. Сега сме возбудени што ја откриваме оваа пионерска мобилна технологија и што им овозможуваме на корисниците самите да го почувствуваат тоа,“ изјави DJ Koh, претседател и извршен директор на одделот за IT & Mobile Communications, Samsung Electronics. „Корисниците одговорија позитивно на поголемите екрани и револуционерната форма на Galaxy Fold нуди поголем, внесувачки екран без да ја жртвува својата преносливост. Ова е тоа што ние го викаме иновација на новото мобилно искуство во акција.“

Корисничко искуство кое е прво од својот вид

Galaxy Fold го комбинира омилениот смартфон на корисниците и способностите на таблет за да понуди нов вид на мобилни уреди и корисничко искуство кое е прво од својот вид – од новиот формат и материјали до уникатниот UX кој се преклопува, разноврсната камера и премиум перформансите. Samsung работеше заедно со своите партнери за да создаде целосно нов UX кој ќе го промени начинот на којшто ги користиме нашите мобилни уреди и целосно ќе ги искористи предностите на дизајнот на преклоп со својот преклоп и главен екран. Како резултат на тоа самиот уред отвора нови можности за своите корисници.

Galaxy Fold го трансформира начинот на којшто се фотографира, снима, споделува и уредува содржини од мобилен. Кога е затворен, можете да снимате видео за брзо време и на едноставен начин да го отворите уредот за да го гледате на поголем екран – со App Continuity самото видео беспрекорно се префрла од преклопниот екран на главниот екран.[2] Со Multi-Active Window може да работат повеќе апликации во исто време и во реално време и со тоа ефективно да има мултитаскинг: Уредување на снимки, прегледување на фотографии низ галеријата и да се читаат електронски пораки од пријателите или колегите, сето тоа во исто време.[3]

Со 5G опцијата корисниците на Galaxy Fold во одредени држави може целосно да ги искористат најголемите брзини на своите оператори. Galaxy Fold 5G ја користи целосната моќ на поврзаноста од наредната генерација за емитување и симнување на видеа и други содржини со висок квалитет, како и играње на игри со јака графика на супер-големи брзини.[4] Со тоа што ни овозможува да завршиме повеќе со Infinity Flex екранот од 7,3 инчи, Galaxy Fold го менува начинот на којшто ги следиме содржините и го реализираме мултитаскингот.[5]

Секој Galaxy Fold доаѓа со ексклузивен пристап до специјализирани услуги за грижа на корисниците – вклучувајќи еден-на-еден пристап до Samsung експерти и 24/7 онлајн центар за поддршка преку телефонот. Samsung ќе ги објасни своите планови во секоја држава за да го обезбеди тоа да секое искуство со Galaxy Fold е извонредно како и самиот уред.

За повеќе информации околу Galaxy Fold, ве молиме посетете ја news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.comили www.samsung.com/global/galaxy/galaxy-fold.

Спецификации на Galaxy Fold

Galaxy Fold

Екран

Главен екран*

- 7.3'' QXGA+ Dynamic AMOLED екран (4.2:3) Infinity Flex екран, 2152*1536, 362ppi

екранот на преклопот**

 - 4.6'' HD+ Super AMOLED Display (21:9), 1680*720, 399ppi

*Главен екран: Екранот се мери дијагонално како целосен правоаголник без да се земат во предвид заоблените агли и горниот пресек. Вистинската видлива област е помала поради заоблените агли и горниот пресек.
**Екранот на преклопот: Екранот се мери дијагонално како целосен правоаголник без да се земат во предвид заоблените агли. Вистинската видлива област е помала поради заоблените агли.

Димензиии тежина

Преклопен: 62.8 x 160.9 x 15.7mm ~ 17.1mm

Отворен: 117.9 x 160.9 x 6.9mm ~ 7.6mm

Тежина: 276g

Камера

Камера на преклопот

10MP Selfie камера: F2.2, Pixel големина: 1.22μm, FOV: 80˚

Предна двојна камера

10MP Selfie камера: F2.2, Pixel големина: 1.22μm, FOV: 80˚
8MP RGB Длабочинска камера: F1.9, Pixel големина: 1.12μm, FOV: 85˚

Задна тројна камера

16MP Ultra Wide камера: F2.2 ,Pixel големина: 1.0μm, FOV : 123˚

12MP Wide-angle камера: Super Speed Dual Pixel AF, OIS, F1.5/F2.4, Pixel големина: 1.4μm, FOV: 77˚
12MP Telephoto камера: PDAF, F2.4, OIS, Pixel големина: 1.0μm, FOV: 45˚
Двоен OIS, 0.5x излез and 2x in оптички зум, Up to 10x дигитален зум, HDR10+ снимање, Следење AF

AP

7㎚ 64-bit Octa-Core Processor (2.84㎓ + 2.41㎓ + 1.78㎓)

Меморија

12GB RAM со 512GB внатрешна меморија (UFS3.0)*Реалниот слободен простор може да зависи од претходно инсталиран софтвер

Батерија

LTE модел: 4380mAh (стандардно) двојна батерија*
5G модел: 4235mAh (стандардно) двојна батерија*

'* Стандардната вредност тестирана под лабораториски услови на трети лица. Стандардната вредност е проценетата просечна вредност земајќи ја во предвид девијацијата на капацитетот на батеријата кај примероците на батерии тестирани под IEC 61960 стандардот. Оценетиот (минимален) капацитет е 4135mAh за 5G моделот и 4275mAh за LTE моделот. Вистинското траење на батеријата може да варира зависно од средината на мрежата, начинот на користење и други фактори.

Полнење

Fast Charging компатибилно со жични и безжични уреди*
Безжичен PowerShare**

*Жичното полнење е компатибилно со QC2.0 и AFC, Безжичното полнење е компатибилно со WPC и PMA
**Безжичниот PowerShare е ограничен на Samsung и други брендови на смартфони со WPC Qi безжично полнење, како што се Galaxy Note10, Note10+, S10e, Galaxy S10, Galaxy S10+, Galaxy S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE, Note5 и уреди кои се носат како што се Galaxy Watch Active2, Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Можеби нема да работи со одредени додатоци, капаци или уреди од други брендови. Може да влијае на квалитетот на прием на повик и дата сервисите, зависно од околината на мрежата.

OS

Android 9 (Pie)

Мрежа

LTE моделот: Напреден 2X2 MIMO, 6CA, LAA, LTE Cat.18
- До 1.2Gbps Download / До 150Mbps Upload

5G моделот: Non-Standalone (NSA), Sub6*Може да зависи од пазарот, мобилниот оператор и сервис провајдерот.

Поврзаност

Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac/ax HE80 MIMO, 1024QAM

Bluetooth® v 5.0, ANT+, USB type-C, NFC, Локација (GPS, Galileo, Glonass, BeiDou) *Galileo и BeiDou покривањето може да е ограничено. BeiDou може да не е достапно за одредени држави.

SIM Картичка

LTE моделот: еден eSIM и еден Nano SIM
5G моделот: еден Nano SIM*Достапноста може да зависи од држава и операторот.
*eSIM availability Достапноста може да зависи од држава и операторот.

 *SIM картичките се продаваат одделно.

Плаќање(Samsung Pay)

Кредитни и дебитни картички: поддршка за MST и/или NFC
Членски картички, подарок картички, транзит картички, сервиси за наградни поени

*Достапно во одредени држави. Решенијата за плаќање и достапните опции може да варираат од државата, операторот и сервис провајдерот.

Сензори

Capacitive Fingerprint сензор (странично), Accelerometer, Barometer, Gyro сензор, Geomagnetic сензор, Hall сензор, Proximity сензор, RGB Light сензор

Автентикација

Тип на заклучување: шема, PIN, шифра
Биометриски тип на заклучување: Fingerprint сензор, Препознавање на лице*Galaxy Fold има Capacitive Fingerprint сензор од страната.

Аудио

Stereo звичници и вклучени Galaxy Buds

Surround звук со Dolby Atmos технологија (Dolby Digital, Dolby Digital Plus вклучено.)
UHQ 32-bit &DSD64/128 поддршка*, PCM: до 32 bits, DSD: DSD64/128
Audio playback формат : MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, APE, DSF, DFF

*DSD64 и DSD128 playback може да се ограничени зависно од форматот на фајлот.

Видео

Video playback формат: MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM
TV поврзаност: Безжично: Smart View (пресликување на екран 1080p at 30fps) / Жично: поддршка за DisplayPort преку USB type-C. Поддржува видео излез преку поврзување со HDMI Адаптер. (DisplayPort 4K UHD на 60 fps)

Безбедност

Knox заштита: мониторинг и заштита во реално време.
Virus, malware превенција. (Овозможена од McAfee)
Безбеден Фолдер: безбеден простор на самиот уред за да ги заштити содржините како апликации, фотографии и видеа со скенирање на отпечаток на прст.*Вирус и малвер заштитните решенија зависат од државите.

Во кутијата

Galaxy Fold, Galaxy Buds, Data Кабел, Полнач за патување, Ejection Pin, USB поврзувач (OTG), Quick Start водич, Aramid Fiber заштитна маска.*Компонентите може да зависат од моделот кој ќе го купите во државата или регионот во кој живеете. Освен заштитната маска, црните компоненти се достапни со црни уреди и сите други бои на уреди ќе добијат бели компоненти во кутијата.

*Сите спецификации и описи прикажани овде може да зависат од вистинските спецификации и описи на производот. Samsung го резервира правото да прави промени на оваа страна и на нејзината содржина, вклучувајќи, но не ограничено на функционалноста, карактеристиките, спецификациите, GUI, сликите, видеата, предностите, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста, можностите и други информации за производот, без претходно известување.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира си ја обликува иднината со своите трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежните и LSI системи, меморијата, леењето и LED технологијата. За најновите вести ве замолуваме да го посетите Samsung Newsroomhttp://news.samsung.com.



[1] Екранот се мери дијагонално како целосен правоаголник без да се земат во предвид заоблените агли и горниот пресек. Вистинската видлива област е помала поради заоблените агли и горниот пресек.

[2] Одредени апликации од трети лица можно е да не го поддржуваат app continuity.

[3] Одредени апликации од трети лица можно е да не го поддржуваат Multi-Active Window.

[4] Потребна е оптимална 5G мрежна поврзаност. Реалните брзини може да варираат зависно од државата, операторот и средината во која се наоѓа корисникот.

[5] Екранот се мери дијагонално како целосен правоаголник без да се земат во предвид заоблените агли и горниот пресек. Вистинската видлива област е помала поради заоблените агли и горниот пресек.