Samsung Galaxy Tab S9 поставува нов стандард и нуди врвно Galaxy искуство на таблет

Добивај вести на Viber

Samsung Electronics ја претставува својата нова серија Galaxy Tab S9, врвен асортиман на производи кои го редефинираат светот на таблетите и поставуваат нови стандарди за гледање и креативна слобода. На сите три модели – Galaxy Tab S9Tab S9+ и Tab S9 Ultra – Dynamic AMOLED 2X екраните гарантираат ненадминливо искуство на гледање и забава заедно со Qualcomm Snapdragon® 8 Gen 2 for Galaxy¹.S Pen пенкалото, кое е дел од опремата, има IP68 рејтинг и им помага на корисниците своите идеи да ги претворат во дело. Како првата Galaxy Tab S серија која доби IP68 рејтинг², Galaxy Tab S9 серијата им овозможува на корисниците да ја следат својата инспирација и во затворен и во отворен простор.

„Денес на пазарот не постојат уреди како што е Galaxy Tab S9. Вистински пионир во својата категорија, тој е прв таблет кој обезбедува искуство какво што корисниците најмногу сакаат кај еден таблет, заедно со единствен извонреден дизајн“, изјави ТМ Рох, Претседател и директор за Мобилно искуство (MX) во Samsung Electronics. „Серијата Galaxy Tab S9 ги охрабрува корисниците своите големи идеи да ги претворат во реалност и тоа без напор.“

Откријте го светот на забава и инспирација во движење

Без разлика дали играте игра или гледате видео содржина, 14.6-инчниот³ Dynamic AMOLED 2X екран на моделот Galaxy Tab S9 Ultra е извонредно и подвижно искуство за забава. HDR10+ во серијата Galaxy Tab S9 овозможува прилагодување на тонот кадар по кадар и фрејм по фрејм, со широк спектар на бои и осветлувања. Динамичната стапка на освежување на серијата Galaxy Tab S9 автоматски се калибрира од 60 до 120 Hz за да одговара на брзата реакција и подобрената ефикасност на батеријата. Функцијата за заштита на видот исто така го намалува напрегањето на очите при слабо сино светло, и тоа за повеќе од 70%⁴. Ги оживува острите детали, така што фотографиите, просторните планови, анимациите и повеќе изгледаат прецизни и јасни. Покрај тоа, размерот на екранот од 16:10 прикажува ТВ содржина и филмови онака како што се наменети за гледање.

Забавата со серијата Galaxy Tab S9 е унапредена благодарејќи на 20% поголемите четири звучници⁵со AKG систем и имерзивниот звук на Dolby Atmos. Со звук како во кино, корисниците на серијата Galaxy Tab S9 исто така можат посебно да ги подесат звуковите за игри, слушање музика, видео повици и друго. За оние кои сакаат да уживаат во забава на отворено, на серијата Galaxy Tab S9 се наоѓа иновативната Vision Booster технологија. Таа автоматски ги регистрира условите при јака светлина и во склад со нив го прилагодува екранот. Тука е и паметната футрола⁶која стои самостојно и го прилагодува уредот во вертикален или хоризонтален приказ за гледање без користење на раце.

Серијата Galaxy Tab S9 е потенка од претходно, но моќна. Секој уред е опремен со истиот водечки мобилен процесор со молскавична брзина како на најновите паметни телефони на Samsung - Snapdragon® 8 Gen 2 Mobile Platform for Galaxy. За прв пат на еден Galaxy таблет, напредната технологија на комората за пареа помага при интензивно стримување, играње игри или уредување видео материјал. Благодарејќи на блиската соработка со водечките партнери во гејминг секторот, корисниците на Galaxy Tab S9 уредите ќе уживаат во подобрено гејминг искуство на голем екран. Серијата Galaxy Tab S9 исто така е температурно најефикасната Galaxy Tab серија досега со внатрешна комора за пареа која е посебно дизајнирана за потребите на таблет со висок интензитет. Новата двонасочна диспрезија на топлина помага при овозможување и одржување на подобри перформанси во тек на подолг период на користење.

Уживајте во слободата на претворање идеја во дело без напор

Секој извонреден Galaxy Tab S9 уред доаѓа со една алатка која сите корисници на таблети најмногу ја сакаат и бараат: Galaxy S Pen пенкалото. Нудејќи искуство за пишување и цртање слично како на хартија, серијата Galaxy Tab S9 и S Pen сега имаат IP68 рејтинг за отпорност на вода и прашина, што создава уште поголеми можности за корисниците да комуницираат и да ги изразат своите идеи. S Pen може да пишува и во лентите за пребарување, прелистувачи и продавници на апликации, а новото двонасочно полнење гарантира дека ќе се полни без разлика како е свртен во неговото куќиште. Корисниците можат да го набават и S Pen Creator Edition⁷пенкалото за уште посовршено искуство. Пенкалото S Pen Creator Edition е направено од текстуриран материјал за удобно држење и со поширок агол на навалување што го прави создавањето поинтуитивно.

Извонредните екрани од серијата Galaxy Tab S9 се идеална позадина за секој проект. Со Multi Window⁸ може да се поврзат до три апликации како организирана мрежа на лесно прилагодливи прозорци. Истражувајте во прелистувачот, изберете слика од галеријата на Samsung и запишете ги идеите во Samsung Notes истовремено во еден приказ. Со Pop-Up View, апликациите може да се гледаат како лебдечки прозорци додека целиот главен екран останува непроменет.

Додека патувате или работите во движење, тастатурата на футролата⁹ и режимот DeX¹⁰ од серијата Galaxy Tab S9 можат да симулираат десктоп компјутер со максимална преносливост на таблетот. Прилагодливите агли на тастатурата на футролата и копчињата со позадинско осветлување се чувствуваат како лесен компјутер. Режимот на работа DeX содржи курсор кој лесно се следи, флексибилно прилагодување на големината и положбата на прозорецот, додека вториот екран¹¹ овозможува пресликување или проширување на екранот на компјутерот на таблетот. Соработката за време на повиците на Google Meet¹² сега е полесна со истовремено споделување екран и уредување документи во Samsung Notes.

Дизајнирана да инспирира спонтана продуктивност и да ја подобри креативноста, серијата Galaxy Tab S9 е двигател на креативноста со нови и подобрени апликации за сите работи што ги сакате. Популарната апликација GoodNotes¹³ нуди ново искуство со припишување белешки и записи за прв пат на уред со Android, исклучиво за корисниците на Galaxy таблет. Покрај тоа, белешките направени во GoodNotes на сите платформи може лесно да се споделуваат и уредуваат заедно во исто време.

Професионалната апликација за уредување видео LumaFusion¹⁴ го олеснува создавањето содржина за споделување. Сликите и видео материјалот, дури и големите датотеки, направени со камерата на вашиот паметен телефон Galaxy може лесно да се споделат со серијата Galaxy Tab S9 благодарение на функцијата Quck Share¹⁵. LumaFusion целосно го користи широкиот екран на Galaxy Tab S9 Ultra за прецизно монтирање на видео.

Clip Studio Paint¹⁶ е трансформиран во едноставен интерфејс за цртање на таблет, сликање и многу повеќе. Исто така, апликацијата ArcSite¹⁷ им овозможува на дизајнерите и професионалците да ја претворат својата креативна визија во внимателно изработени 2D CAD шеми, сеопфатни планови просторни планови и точни проценки. Благодарение на блиската соработка со Google за унапредување на големите екрани, корисниците можат лесно да ги завршат задачите и да ги претворат идеите во реалност со партнерските апликации на серијата Galaxy Tab S9.

Максимално уживајте во комплетно извонредното искуство, одвнатре и однадвор

Со неспоредливо корисничко искуство, серијата Galaxy Tab S9 совршено се вклопува и во екосистемот Galaxy. Користењето креативни алатки е лесно кога таблетите Galaxy Tab S9 се поврзани со други уреди. Multi-Control¹⁸ прави беспрекорно копирање, лепење или влечење текст или слики директно помеѓу таблетот и паметниот телефон, овозможувајќи им на корисниците да го контролираат својот паметен телефон преку подлогата за допир на Galaxy Tab S9.

За да одговара на премиум софтверското искуство, хардверот од серијата Galaxy Tab S9 ги содржи познатите карактеристики на дизајнот Galaxy на водечките паметни телефони од серијата Galaxy S, како што е истиот атрактивен распоред на камерата. Серијата Galaxy Tab S9 е лесна и тенка, а моделот Galaxy Tab S9 Ultra е дебел само 5,5 мм, но и издржлив со оцена IP68. Изграден е и да издржува удари и гребнатини благодарение на неговото засилено алуминиумско тело. За оние кои ги добиваат своите најдобри идеи на неочекувани места, ова е совршен партер што може да се користи на нерамни површини и да се справи со денот полн со обврски на отворено. Има и нова футрола за  на отворен простор¹⁹ што нуди уште поголема заштита за корисниците на таблети.

Серијата Galaxy Tab S9 е уште еден пример за посветеноста на Samsung за развој на технологија која ги збогатува животите на луѓето и го минимизира влијанието врз животната средина, без компромиси. Во споредба со претходните серии, серијата Galaxy Tab S9 има уште поразновидни рециклирани материјали²⁰ и внатрешни и надворешни компоненти²¹. Исто така е спакуван во редизајнирана кутија²² со 100 проценти рециклирана хартија за пакување.

Достапност

Серијата Galaxy Tab S9 е достапна во претпродажба на нашиот пазарод 26 јули 2023.

Серијата доаѓа во две бои, беж и графитна²³, и во три големини: 14,6-инчен Gakaxy Tab S9 Ultra, 12,4-инчен Gakaxy Tab S9+ и 11-инчен Gakaxy Tab S9²⁴. Уредите ќе бидат достапни по препорачани малопродажни цени од 53.999,00 ден. за Gakaxy Tab S9,  67.399,00 ден. за Gakaxy Tab S9+ и  80.499,00 ден. за Gakaxy Tab S9 Ultra.  
За повеќе информации за серијата Galaxy Tab S9 посетете ги веб-страниците: https://www.samsung.com/mk/tablets/

Нарачајте пред сите уредод серијата Galaxy Tab S23 и добијте подарок

Со секое купување уред од серијата Galaxy Tab S9 ве очекува подарок Book Cover Slim тастатура во вредност до 14.199 МКД. Промоцијата трае од 26.7. до 1.8.2023или пократко доколку се истрошат залихите. Повеќе информации за промоцијата ќе најдете на https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-tab-s9/

Спецификации на производите

Galaxy Tab S9

Galaxy Tab S9+

Galaxy Tab S9 Ultra

Екран*

11-инчен, Dynamic AMOLED 2X

(60~120 Hz)

12,4-инчен, Dynamic AMOLED 2X (60~120 Hz)

14,6-инчен, Dynamic AMOLED 2X (60~120 Hz)

* Мерено дијагонално како правоаголник без заоблени агли. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворите на камерата.

OS

Android 13.0

Димензии

165,8 x 254,3 x 5,9 mm

185,4 x 285,4 x 5,7 mm

208,6 x 326,4 x 5,5 mm

Тежина

498 g (Wi-Fi) / 500 g (5G)

581 g (Wi-Fi) / 586 g (5G)

732 g (Wi-Fi) / 737 g (5G)

Камера

Задна

13 MP AF

13 MP AF + 8 MP ултраширока

Предна

12MP ултраширока

12MP + 12MP ултраширка

Меморија и складирање на податоци*

8 GB+128 GB

12 GB+256 GB
MicroSD do 1 TB**

12 GB+256 GB

12 GB+512 GB
MicroSD do 1 TB**

12 GB+256 GB

12 GB+512 GB

16 GB+1 TB

MicroSD do 1 TB**

Достапноста за складирање податоци може да варира во зависност од пазарот, моделот, бојата или операторот. Вистинскиот простор за складирање може да варира во зависност од инсталираниот софтвер и пазарот, моделот, големината и форматот на датотеката.

** MicroSD картичката се продава одделно.

AP

Qualcomm Snapdragon® 8 Gen 2 for Galaxy

Батерија*

8.400 mAh (стандардно)

10.090 mAh (стандардно)

11.200 mAh (стандардно)

Стандардна вредност измерена во лабораториски услови од трето лице. Стандардната вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960.

Конективност

5G*, LTE**, Wi-Fi 6E***, Wi-Fi директен Bluetooth® v 5.3

* 5G услугите се поддржани само на локации со 5G мрежа. Потребна е оптимална 5G врска. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување.

** Достапноста на LTE моделите зависи од пазарот и операторот.

***Достапноста на мрежата Wi-Fi 6E може да варира во зависност од пазарот, мрежниот добавувач и корисничкото опкружување. Потребна е оптимална врска. Потребен е рутер Wi-Fi 6E.

Боја*

беж, графитна

Достапноста на бојата на производот може да зависи од пазарот или операторот.

Звук

AKG четири стерео звучници, Dolby Atmos®

Безбедност

Samsung Knox

Биометриска идентификација

Отпечаток од прст на екранот (FOD)

Дополнителна опрема*

S Pen пенкало(BLE, во пакетот), S Pen Creator Edition пенкало

футрола за тастатура, тенка футрола за тастатура, паметна футрола, футрола за отворен простор, екран за белешки, приватен екран

* S Pen и USB Type-C кабелот се вклучени во пакетот. Другата опрема се купува одделно. Достапноста на случаи од трета страна може да варира во зависност од пазарот, операторот и продавачот на мало.

* Спецификациите може да се разликуваат во зависност од пазарот.

* Сите функции, карактеристики, спецификации и други информации за производот во овој документ, вклучувајќи ги, без ограничувања, придобивките, дизајнот, цената, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот се предмет на промена без најава.

¹Snapdragon е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Qualcomm Inc. Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies Inc. и/или неговите гранки.
²Galaxy Tab S9, S9+ и S9 Ultra се со оцена IP68. S Pen е исто така оценет IP68 за отпорност на вода и прашина. Во согласност со рејтингот IP68, тој е отпорен на свежа вода длабока до 1,5 метри 30 минути. Исплакнете ги остатоците / исушете ги по мокрењето. Не се препорачува за на плажа или базен.
³Мерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy Tab S9 Ultra е 14,6 инчи кога се мери како правоаголник и 14,5 инчи кога се земаат предвид заоблените агли.
⁴Во споредба со Normal LCD екран. SGS и додели на серијата Galaxy Tab S9 сертификат за заштита на очите врз основа на нејзината способност драстично да ги намали штетните ефекти на сината светлина.
⁵Во споредба со серијата Galaxy Tab S8.
⁶Паметна футрола се продава одделно.
⁷Се продава одделно. Достапноста и почетокот на продажбата може да се разликуваат во зависност од пазарот.
⁸Некои апликации можеби не поддржуваат мултитаскинг.
⁹Футрола за тастатура се продава посебно. Производот е достапен за Galaxy Tab S9 Ultra, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9. Дизајнот на производот може да варира во зависност од моделот. Карактеристиките и изгледот на тастатурата може да се разликуваат во зависност од моделот или типот на јазикот. Функцијата за задно осветлување е достапна само на тастатурата Galaxy Tab S9 Ultra со притискање на Fn + F12.
¹⁰Достапноста може да варира во зависност од уредот. Samsung DeX е поддржан на одредени паметни телефони и таблети Galaxy.
¹¹Вториот екран бара компјутери со безжичен дисплеј и Windows 10 v.2004 или понова верзија.

¹²Google Meet е достапен за преземање на Google Play Store. Google Meet е заштитен знак на Google LLC.
¹³Апликацијата GoodNotes бара посебно преземање и доаѓа со едногодишна бесплатна целосна верзија. По истекот на тој рок потребно е да ја купите апликацијата за да продолжите да ја користите. Условите за користење може да се разликуваат во зависност од земја и регион.
¹⁴Апликацијата LumaFusion бара посебно купување и преземање. Условите за користење може да се разликуваат во зависност од земја и регион.
¹⁵Quick Share помеѓу уредите Galaxy достапни за следниот оперативен систем: паметни телефони и таблети со Android OS верзија 10.0 (Q) и One UI 2.1 или понова верзија, компјутери со Windows 10 или понова верзија. Потребна е сметка на Samsung и поврзување со Wi-Fi и Bluetooth. 
¹⁶Clip Studio Paint е инсталирана на одредени маркети. Може да се преземе од Galaxy Store и доаѓа со бесплатен пробен период од 6 месеци за новите корисници. По пробниот период, неопходна е платена претплата на месечниот план за користење за да продолжите да го користите. Условите за користење може да се разликуваат во зависност од земја и регион.
¹⁷Апликацијата ArcSite бара посебно купување и преземање од Galaxy Store. Условите за користење може да се разликуваат во зависност од земја и регион.
¹⁸Мултиконтролата е достапна само на одредени паметни телефони Galaxy со One UI 5.1 или понова верзија и уреди Galaxy Tab со One UI 5.1.1 или понова верзија. Достапноста може да варира во зависност од апликацијата.
¹⁹Сите футроли се продаваат посебно.
²⁰Во споредба со серијата Galaxy Tab S8. Видовите на рециклирани материјали вклучуваат искористена рециклирана PA која потекнува од пластичен отпад од рибарски мрежи; користен рециклиран PBT односно пластика од искористени PET шишиња; користен рециклиран компјутер од пластика од буриња за вода; неискористен рециклиран алуминиум кој потекнува од алуминиум од старо железо и се генерира како нус-производ за време на процесот на производство. Старото железо повторно се топи, се филтрира за отстранување на загадувачи и потоа се рециклира за да се создадат делови потребни за производствениот процес на Samsung. Исто така има и некористени рециклирани делови кои потекнуваат од отпадно стакло добиено како нус-производ при процесот на производтво на стакло. Ова отпадно стакло се крши и станува кулет стакло, и потоа се користи како компонента при производството на Corning® Gorilla® Glass 5. ²¹Galaxy Tab S9 Ultra: 17 компоненти на уредот што содржат најмалку 10% искористена рециклирана пластика или неискористен рециклиран алуминиум и Corning® Gorilla® Glass 5 со минимум 10% неискористени рециклирани материјали. Меѓу овие компоненти се средишниот дел на држачот за кабел, горниот лев модул за звучник, горниот десен модул за звучник, долниот лев модул за звучник, долниот десен модул за звучник, задниот дел од куќиштето, држачот за куќиште, држачот за клучеви, горниот дел од држачот за ПХБ, средниот дел од држачот за ПХБ, долниот дел од држачот за кабел, долниот дел од држачот за кабелот, футролата за копче за јачина на звукот на камерата, футролата за копче на SIM картичката.
²²100% рециклирана хартија се користи за следните компоненти на пакувања: кутија за пакување на единица производ, кутија за инструкции, DLC лента и кутија DLC. Материјалот од 100% рециклирана хартија доби сертификат за валидација на еколошки барања (ECV).
²³Боите може да се разликуваат во зависност од пазарот и операторот.
²⁴Мерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy Tab S9 е 11 инчи кога се мери како полн правоаголник и 10,9 инчи земајќи ги предвид заоблените агли, големината на екранот на Galaxy Tab S9+ е 12,4 инчи кога се мери како полн правоаголник и 12,4 инчи земајќи ги предвид заоблените агли, додека величината на екранот на Galaxy Tab S9 Ultra е 14,6 инчи кога се мери како полн правоаголник и 14,5 инчи кога се земаат предвид заоблените агли; вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот за камерата.ПР објава