Сара со радост ја донираше косата за дечиња болни од рак: Мајката Лидија за Женски магазин
За жал, децата се меѓу оние кои страдаат и се борат со најтешките болести. Ракот не ги штеди. Невини душички кои ракот ги исцрпува, во таа борба за живот и заздравување често завршуваат без коса, а губењето дополнително ги погодува и се чувствуваат изгубено, тешко се навикнуваат на новиот изглед, ја губат самодовербата и се срамат пред другите луѓе што немаат коса. Решението додека не им порасне косата се перики направени од природни влакна.
За да се направи една таква, логично, потребна е вистинска коса.
За жал, многу луѓе не ја знаат оваа информација, па често исечената коса завршува во ѓубре, не знаејќи дека е можно да се направи најблагороден потег.Меѓутоа, оние кои го знаат ова, често намерно ја шишаат косата за да ја донираат на оние на кои им е потребна или се одлучуваат да го сторат тоа откако ќе ја истрижат.
По правило, ваквите донации треба да бидат јавни. Во пракса, ова треба да значи дека секој што донира коса на здружение треба да добие и повратна информација за тоа кој ја има таа коса, пред се за да се спречи злоупотреба, но и да се потврди дека некој успеал да помогне, што би ги мотивирало и другите.
Досега повеќепати сме пишувале за девојчиња ширум земјава кои ја донирале сопствената истрижена коса за дечиња болни од рак. Најчесто донацијата ја прават кај Сашка Кузманова, девојката која изработува перики.
Таа покрај тоа што им помага на онколошките пациенти со изработувањето на перики, има ефект и на подигање на свеста за овој проблем во општеството, со цел да се мотивираат што повеќе луѓе и да се приклучат на оваа акција.
Лидија Наумчевска Димоска е мајка на три деца Виктор, Сара и Филип. 9 годишната Сара, е девојче чија донација на коса исто така завршила во раце на Сашка.
„Сара сакаше да ја скрати косата, а мене ми дојде идеја бидејќи е долга и бујна да ја донираме. Ѝ кажав на ќерка ми дека ќе ја донираме и таа се согласи со многу радост“ - ни раскажа мајката на ова девојче од Битола.
Вели дека се распрашала во повеќе фризерски салони, но и влевале сигурност па дознала за Сашка и таму ја подариле.
„Сара има 9 години и сега е четврто одделение. Сега пак ја растеме косата, па догодина пак ќе ја донираме“ - ни раскажа оваа горда мајка.
Ирена.С.