SDC19: Samsung и IBM претставуваат 5G и AI-фокусирани мобилни решенија за IBM Cloud за компании

Добивај вести на Viber

Големата иновација им помага на владата и компаниите да ја подобрат безбедноста на припадниците на итните служби и на вработените во фабриките и во производните погони

 Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.и IBM на овогодишната Samsung Developer конференција најавија лансирање на нова заедничка платформа, која користи IBM Cloud технологија и решенија врз основа на вештачка интелигенција, како и Samsung мобилни. Соработката помеѓу двете компании ги спојува решенијата на IBM со екосистемот на Samsung Galaxy, кои се погодни за современите корпоративни корисници и претприемачи.

„Мобилната индустрија поминува низ голема трансформација, развивајќи нови видови на работење и овозможувајќи им на компаниите иновативни технологии како 5G, вештачка интелигенција (AI) и Internet of Things (IoT),“ изјави DJ Koh, Претседател и CEO на Одделот за Информациски технологии и Мобилни комуникации, Samsung Electronics. „Веруваме дека соработката и заедничките вложувања се клучни за креирање на вакви иновации и се радуваме што сме предводници во дигиталната трансформација за нашите корпоративни клиенти во 5G ерата“, додава DJ Koh.

Сигурносна Платформа поддржана од IBM Cloud, вештачката интелигенција и 5G мрежата

Новата платформа е дизајнирана со цел да ги спои иновациите на IBM Cloud системите со уредите на Samsung Galaxy, вклучувајќи ги Galaxy Tab, Galaxy смартфоните и Galaxy часовниците. Суштината на платформата е да ги надгради работните услови на полицајците, пожарникарите и припадниците на другите итни служби.

Според Интернационалната Трудова Организација (International Labour Organization), скоро 3 милиони смртни случаи годишно се директна последица на несреќи на работните места. Поради тоа, владите и компаниите имаат зголемена потреба да создадат системи кои го следат здравствениот статус на вработените во работни околини кои се карактеризираат со висок степен на стрес.

Дизајнирана со помош на IBM Cloud системите, новата платформа им овозможува на клиентите да го следат срцевиот ритам на работникот, со тоа и степенот на физичка активност за навремено да можат да утврдат дали на вработениот му е потребна помош и да реагираат со време. Така безбедносните и здравствените индикатори на вработените во итните служби, опремени со Samsung Galaxy часовници со биометриски сензори и Galaxy паметни телефони со 5G поврзаност, со помош на оваа платформа ќе бидат споделувани и следени во реално време. Промената на виталните параметри може да покаже дека корисникот е во опасност од срцев удар, исцрпеност, прегревање или дека е во некоја друга ситуација каде има потреба од брза интервенција. Платформата автоматски ќе ги испрати податоците на менаџерите за итно реагирање кои притоа, навремено, ќе реагираат и ќе пратат помош до вработениот кој е во неволја.

Преку платформата големите брзини на Samsung Galaxy уредите ќе го остварат својот полн потенцијал каде и да се, затоа што може да се персонализираат за да ги задоволат потребите на корисниците и условите во кои се соочуваат војниците на терен, вработените во електрани, спасителите или рударите во рудниците.

„IBM продолжува да создава врвни cloud системи и решенија врз основа на вештачка интелигенција, кои се од посебна вредност за корпоративните клиенти,“ изјави Martin Schroeter, висок потпретседател на глобалните пазари во компанијата IBM. „IBM и Samsung заедно ќе ја употребат моќта на IBM Cloud системите, 5G мрежата, вештачката интелигенција (AI) и врвната компјутерска технологија за да им овозможиме овие иновации да имаат уште поголем ефект во начинот на којшто луѓето работат, купуваат и го заштитуваат здравјето на своето семејство“, објаснува Schroeter.

###

За Samsung Developer Conference

SDC спојува илјадници развојни тимови и стручњаци за да ја истражат современата технологија и да ги предвидат случувањата во иднината. Дводневната конференција вклучува key note говорници, стручни разговори и networking. Дополнително, во текот на конференцијата производните тимови на Samsung и технолошките партнери ќе ги претстават најновите технолошки достигнувања и алатки.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја оформува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, смартфоните, носечките уреди, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморијата, LSI системите, леењето и LED решенијата. За најновите новости, ве замолуваме да ја посетите Samsung Newsroom http://news.samsung.com.

За IBM Cloud

Со приход над 20 милијарди долари годишно, IBM има изградено водечки хибриден cloud бизнис. Ова вклучува широк спектар на понуди за услуги, услуги за софтвер, хардвер и професионални услуги кои овозможуваат IBM да советуваат, менуваат, градат и менаџираат cloud решенија во јавните и приватните сектори. Преку својата глобална мрежа од над 60 дата-центри низ 19 земји и 18 достапни зони низ 6 региони, јавните IBM cloud сервиси им помагаат на компаниите во сите индустрии да ги исполнат условите за безбедност, флексибилност, успех и глобалната достапност. Креиран на open source технологија, клиентите имаат можност за пристап на корпоративен ранг IaaS, како и водечките PaaS компоненти кои овозможуваат најнови развојни можности. Ова вклучува над 190 cloud системи базирани на API платформата, како вештачка интелигенција (AI), blockchain, IoT, квантум компјутери, со конзистентни перформанси. За повеќе информации, посетете ја https://www.ibm.com/cloud/public.