Се бара замена за Аки Ракимовски

Добивај вести на Viber

Хрватските рок ветерани „Парни ваљак“ бараат привремена замена за својот пејач Аки Рахимовски, кој заздравува од мозочен удар.

Тие не откриваат или навестуваат кој би можел да го замени Аки на претстојните концерти, но тоа ќе биде првпат од основањето во 1975 година, групата да има друг пејач.

„Тоа е само од претпазливост. Добро напредува, но не сакаме да го оптоваруваме“- вели менаџерот на групата, Дино Бахтијаревиќ.

Бендот ќе го има првиот настап без 62-годишниот Аки на 17 мај. Тој е еден од основачите на групата и беше вокал на сите 18 студиски албуми.

Во почетокот на минатиот месец, тој претрпе полесен мозочен удар и иако заздравува, сè уште постои можност да оди на операција. Во меѓувреме, го смени начинот на исхрана и ги откажа кафето и цигарите.