Се чекаше свадба, ја раскинаа свршувачката: Јелена ги криеше сите момчиња освен него- „Бев тврдоглава“
Љубовниот живот на Јелена Розга отсекогаш го привлекувал вниманието на јавноста, бидејќи оваа пејачка важи за една од најпосакуваните во регионот
Јелена Розга не сака да зборува за нејзиниот емотивен статус во јавноста, но не можеше да сокрие една од своите најголеми љубови. Станува збор за врската со музичарот Стјепан Хаусер, со кого беше и свршена, а нивната среќа траеше две години.
Романсата ја започнаа во 2015-та година, а за прв пат се видени заедно во Љубљана на концертот на групата „2Cellos“ чиј член беше и Стјепан. Првата годишнина од врската ја прославија во Верона, а во февруари 2016-та година се верија.
„Никогаш не сум била посреќна, верувам дека тоа е поврзано и со внатрешен мир и задоволство. Заљубената жена е најубавата жена. И денес, исто како и секогаш досега, мислам дека љубовта е најпрекрасното нешто што може да му се случи на човек. Да сакаш и да бидеш сакан е смислата на сè“, изјави тогаш Јелена која не ја криеше среќата и емоциите кон Стјепан.
Иако сите нетрпеливо ја чекаа венчавката и моментот кога пејачката ќе го замени вереничкиот прстен со венчален прстен, сепак тоа не се случи. Во 2017-та година следеше раскинување, а Јелена и Хаузер тргнаа по својот пат.
„Вака сакам да ги информирам медиумите дека јас и Стјепан решивме да ја прекинеме врската и да тргнеме по својот пат. Зад себе оставам убави спомени и се свртувам кон иднината и новите радости во животот. Им благодариме на медиумите што разбираат, повеќе не сакаме да зборуваме на оваа тема. Тоа е наша заедничка одлука и бараме да ја почитувате“, изјави тогаш пејачката за хрватските медиуми.
Неколку месеци по раскинувањето, шармантната пејачка истакна дека сега позрело се справува со грешките и одлуките што ги носи.
„Секоја грешка, секоја погрешна одлука беше животно училиште од кое учев. Порано бев тврдоглава, не признавав грешки, бев злопамтило, но тоа беше процес на учење. Се што сум денес, станав поради моите победи и порази. Денеска ги признавам грешките, а успесите погордо ги славам. Порано бев побрза, одлучував прво слушајќи го моето срце. Денес сум некако позрела, ги слушам моите инстинкти, го слушам срцето, но слушам и што ми кажува разумот, секоја одлука што ја носиме во тој момент ни изгледа најдобра, но времето ќе ни покаже дали навистина сме биле во право. Секој ден е нов почеток, секој ден е нова можност за живот, за љубов, за дружење со пријателите, за правење на она што те прави среќен. Така живеам. Човекот е способен да ја препознае љубовта само кога таа ќе ја доживее. Без разлика како ја дефинираш, љубовта е единствената вистинска вистина во историјата на човечкиот род. Јас сум жена во чие срце љубовта секогаш ќе престојува“, објасни таа тогаш.
Извор: lepaisrecna.mondo.rs