Се дрогирав со татко ми, додека гледав како брат ми умира од хероин: Тажна приказна со среќен крај на една од најубавите жени во Холивуд

Познатата актерка Џејми Ли Кертис покажа, зошто важеше за една од најубавите жени во светот. Имено, таа и нејзиниот млад колега Пол Мескал се истакнаа меѓу 30-те познати лица кои ги красат страниците на британскиот Вог неодамна.

Џејми има 64 години, но тоа не ја спречува да блесне во елегантен фустан и да покаже дека се уште изгледа занесно и заводливо и дека има тело на кое многу актерки би и позавиделе.

„Едноставно одзема здивот“, „Изгледаш одлично“, „Супер секси“, „Ти си неверојатна жена“, се вели во коментарите под нејзината фотографија.

Ианку, Џејми ја освои публиката со низа улоги, особено оние во комедите „Риба наречена Ванда“ и „Тркало на среќата“ од 80-тите години. Прекрасното тело беше нејзин заштитен знак, а нејзините иконски сцени со стриптиз сè уште се паметат денес, и покрај тоа што беше речиси „отфрлена“ од Холивуд.

Актерката извесно време била зависна и од лекови против болки, а се започнало по неуспешната естетска процедура, која ја направила на подочниците откако снимателот, на снимањето на филмот „Таа го сака најдоброто“ и рекол дека не сака таква да ја снима па и дофрлил да престане да јаде сол.

- Тоа беше страшно за мене. Затоа отидов на естетска операција. А кога тоа воопшто не помогна, беше уште полошо, вели актерката, која потоа почнала да зема опијати, а не се откажала ниту од алкохолот.

- Два пати бев зависна, првиот пат од болка, вториот пат од срамот дека сум зависник, признала таа.


Актерката тогаш призна дека нејзиниот татко во тој период имал проблеми, имала и таа па заедно се дрогирале. Имало периоди кога таа била единственото дете што сакало да разговара со него. Тие биле шест браќа и сестри, а сега се само пет.

- Брат ми Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 21 година, признала таа.

Кога западнала во кризи, украла лекови од нејзината постара сестра Кели и од нејзиниот помлад полубрат Николас, а не ја отрезнила ниту смртта на Николас. Меѓутоа, една деценија подоцна сфатила колку тоа што го прави е премногу лошо за неа и за нејзиното семејство, па во 1999 година, целосно се излечила од зависноста.

- Мојата ќерка Ени, тогаш осумгодишна, ме освести кога ми кажа дека никогаш не сум била тука за неа кога ќе и требам. Тоа многу ме потресе, рекла таа еднаш.

Признала и дека направила естетски зафати - Сум пробала сè, и мала корекција, и липосукција и ботокс. И ништо од тоа не функционира - искрено изјавила, нагласувајќи дека никој не спомнува дека салото кое го отстрануваат од телото на едното се враќа на друго место.

И покрај тоа што многумина се воодушевени од нејзиниот изглед и мислат дека е беспрекорна, таа беше искрена, па и со својата изјава им ги отвори очите на сите жени.

- Изгледам како што изгледам без облека, само тоа е вистината. Немам идеални нозе. Имам преголеми гради, мек и буцкаст стомак и масни наслаги на грбот. Не сакам 40 години жените ширум светот да мислат дека мојата фигура е совршена.Тоа е измама и повеќе нема да го правам тоа само за да ми се восхитуваат, изјави Џејми.


Фото: Instagramgloriars