Се гледам себеси како времето да не постои: Калиопи со досега невидени фотографии за 55-от роденден
Нашата дива, Калиопи Букле, денес слави роденден.
Поп дивата полни 55 години, иако изгледа двојно помлада.
За роденденот таа на Инстаграм објави видео кое е компилација од важни моменти во нејзиниот живот - од досега невидени фотографии и моменти од нејзиното детство, до полни концертни сали и фотографии со пријатели.
-Еј луѓе мои! Ајде да прославиме нов почеток низ моите 55 години живот! Затоа што годините се само бројка, а помислата на годините е она што не' рефлектира во огледалото онака како што сакаме да се гледаме! Како се гледам себеси? Се гледам себеси како времето да не постои! Да се радуваме во тоа име!!!
П.С. Ви благодарам Ромео за оваа роденденска химна! - напиша пејачката.
Под објавата доби многу роденденски честитки од наши познати личности, нејзини колеги и блиски пријатели.
Инаку Калиопи Букле (родена како Калиопи Буклеска) - наша позната и истакната македонскa уметница, пејачка, композитор и текстописец. Често нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп-музика. Таа е позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесеттите. Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп-музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.