Калиопи сподели скапоцени моменти со мајка ѝ: Ти благодарам мамо што сè уште му пркосиш на времето со својот младешки дух

Добивај вести на Viber

Госпоѓа Марија зрачи со позитивна енергија и младешки дух.

За еден од најдобрите вокали во земјава, слободно може да кажеме дека и денес на 54 години изгледа непроменето, односно она што е евидентно денес е тоа дека нашата дива, Калиопи, изгледа барем 20 години помладо. А сека конечно знаеме и од кој ја наследила убавината.
Но не само убавината, туку и ведриот и младешки дух.

Калиопи сподели фотографии од нејзината мајка Марија која дефинитивно му пркоси на времето.

„Добрата страна на пандемијата- скапоцени моменти како овој... Ти благодарам мамо што сè уште му пркосиш на времето со својот младешки дух и што го споделуваш со нас ... Те сакаме“, напиша Калиопи, и потполно се согласуваме со неа, бидејќи госпоѓа Марија зрачи со позитивна енергија.


Инаку Калиопи е трето дете во семејството, таа има поголеми брат и сестра.

Поврзани вести:
Калиопи и Васил Зафирчев повторно заедно: Чекорам по истиот чекор со неговиот низ животот (ВИДЕО)

Многу жени сонуваа за него, тој ја сакаше само неа: Калиопи откри детали за познанството со Зафир Хаџиманов


(ФОТО) Калиопи била преубава трудница: Каква среќа беше тоа во 1990-та