Многу жени сонуваа за него, тој ја сакаше само неа: Калиопи откри детали за познанството со Зафир Хаџиманов

Добивај вести на Viber

фото:PRINTSCREEN KEC NA JEDANAEST

Македонската дива Калиопи проговори по тажната вест за смртта на Зафир Хаџиманов.

Таа се сети на денот кога го запознала и сподели дека тогаш имала само девет години и го викала - чичко.

- Зафир Хаџиманов го запознав на првиот фестивал каде настапив како дете. Тогаш имав девет години, тоа беше 1976 година, а домаќин беше Зафир. Тогаш започнав да го викам чичко Зафир - рече Калиопи во емисијата „Кец на единаесет“, во која се вклучи од нејзиниот дом во Скопје.

- Не можев ни да сонувам дека еден ден ќе бидам на сцена со него и дека повеќе нема да го нарекувам чичко, туку Зафир. Тој беше многу повеќе од она што го остави зад себе во уметничка смисла. Зафир беше прекрасен човек, пријател и колега кому секогаш можеше да му се обратиш.

Во својата младост, Зафир важел за еден од најубавите мажи во цела поранешна Југославија, а тоа го потврди и Калиопи.

- Многу жени го сакаа Зафир и сонуваа за него, а тој само ја сакаше Сенка. Тие се пример за тоа како се грижи, негува и сака едно семејство. Ви благодарам што го чувавте споменот на Македонците кои живееја со вас - рече Калиопи за телевизијата К1.

извор:GLOSSY