Калиопи и Васил Зафирчев повторно заедно: Чекорам по истиот чекор со неговиот низ животот (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Поп дивата Калиопи пред повеќе од десетина години беше во брак со актерот Васил Зафирчев. Тие по разводот останаа во добри односи, а во неколку наврати и двајцата потенцираа дека продолжиле да си бидат поддршка еден на друг во животот.

Калиопи, повторно го потврди тоа споделувајќи на својот Инстаграм профил видео на кое таа и актерот Зафирчев пешачат на кејот на Вардар.


„ Интелигенција, хуманост, лојалност, доверба, се квалитетите на луѓето со кои чекорам по истиот чекор низ животот и ја делам истата љубов кон вечното пријателство. Со нив уживам да минувам милји“, напиша пејачката.

Актерот Васил Зафирчев, периодов на јавноста и е најпознат по неговата улога како Марио од серијата „Преспав“. Во едно негово интервју за Женски магазин тој зборуваше за Калиопи и нивната врска по разводот:

„Со Калиопи отсекогаш сме биле пред сè добри пријатели. И секогаш не врзувал искрен однос и меѓусебно почитување. Таа ми е една од најблиските во животот. Се гледаме онолку колку што ни дозволуваат професионалните ангажмани, отсуства и патувања. Но секогаш се радуваме на можноста за заедничка средба или дружење, на кои покрај разговорот, уживаме во готвењето и убавата храна“.


РЖМ

Фото: Инстаграм/kaliopi_official/vasilzafircev

Можеби ќе ве интересира:

Животот оди понатака: Познати наши личности кои се разведоа и продолжија кон подобра иднина