Се грижат за луѓе со тежок инвалидитет, а на крајот на декември сè уште немаат исплата за ноември: Персоналните асистенти огорчени пред празничната еуфорија

За само 13.000 денари се грижиме за луѓе кои имаат тежок инвалидитет, луѓе во колички, слепи лица, наши сограѓани на кои им е потребна помошта што несебично им ја даваме, и без која не би можеле да функционираат поинаку, но и овој надоместок што треба редовно да го земаме, еве доцни. На крајот на декември, се уште нема исплата за ноември, а тоа што требаше да го земеме за окотмври, го добивме на средина на декември. Дали некој има слух за тоа што го правиме секојдневно, огорчено велат дел од персоналните асистенти во разговор за Фактор.

Посочуваат дека станува збор за работа од 80 часа месечно и дека програмата што ја спроведоа Црвениот кртст преку центрите за социјална помош, односно Минситерството за труд и социјална работа е една од најважните во општеството и дека навистина наликува на програмите во високоразвиените земји. Од една страна се ангажираат лица кои немаат работа, од друга страна, беспомошните добиваат целосна грижа, но како што истакнуваат, ваквиот ангажман треба редовно да биде исплатен, зошто во спротивно се би пропаднало.

Детали на Faktor.mk