Се лечеше од зависност, а сега е мајка на Елена: Како изледаат ќерката и внуката на Мишо Ковач
Хрватската пејачка Ивана Ковач, ќерка на легендарниот Мишо Ковач вели дека откако стана мајка, кариерата ја стави во втор план. Пред две години, на Ивана и на нејзиниот свршеник, Елвир Хасанхоџиќ им се роди ќерката Елена.
„Таа е многу активно дете и сега е главна во нашто семејство. Татко ми, кој сешто помина во животот, живна и како да се подмлади откако се роди таа. Мојата мајка Анита живее во Далмација, ние сме во Загреб, па не може секогаш да ни помага околу чувањето“, изјавила Ивана која живее во Загреб, за хрватските медиуми.
„Детето е прекрасно. Кога ја видов прв пат се разнежив. Ивана совршено се грижи за неа. Сега, откако ја роди Елена, кога ќе ми се јави, прво ја прашувам ќерка ми како ми е внуката, а потоа прашувам за неа“, изјави Мишо Ковач во интервју за Женски магазин.
Откако синот на Мишо, Еди, загина во 1992 година, семејството Ковач помина низ тежок период. Мишо се раздели со сопругата Анита, а потоа ќерката Ивана посегна по дрога и замина на лечење во центар за одвикнување во Чиово, Хрватска. Денес, Мишо е во брак со сопругата Лидија, Анита се врати во родната Далмација, а Ивана е успешна пејачка и мајка.