Се наврши една година од смртта на композиторот Тоде Новачевски: Синот Филип со емотивна порака се потсети на татко му (ФОТО)

Добивај вести на Viber

По долго и тешко боледување на почетокот на февруари минатата година почина композиторот Тоде Новачовски. Тој две години се бореше со карцином. 

Тоде беше во брак со пејачката Маријана Новачевска, со која заедно живееја преку океанот, поточно во Австралија. Иако нивниот брак заврши со развод, од него ги добија двете деца - синот Филип и ќерката Магдалена, а поранешните сопружници, до самиот крај беа во одлични односи.

Сега, на една година од смртта на композиторот, се огласи неговиот син Филип, кој објави емотивна објава, посветена на неговиот татко.

„Помина една година откако почина. Ми недостигаш тато“ - напиша Филип покрај фотографијата од неговиот татко.


Истата оваа објава на својот профил ја сподели и поранешната сопруга на Тоде, Маријана.

фото: Принтскрин / Фејсбук