Се огласи и сопругата на Новак Ѓоковиќ: Земам длабок здив за да се смирам

Добивај вести на Viber

Новак Ѓоковиќ Божиќ го поминува во азилантски центар во Австралија, каде што го чека разврската на ситуацијата по жалбата за одбиената виза за влез во земјата, а за тоа време неговото семејство нервозно следи што се случува. За прв пат проговори и неговата сопруга Јелена, која за време на Божиќната ноќ напиша емотивна порака и дека ова искуство ќе ги направи посилни

„Ви благодарам драги луѓе ширум светот што го искористивте вашиот глас за да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг. Земам длабок здив за да се смирам и да најдам благодарност (и разбирање) за се што се случува сега. Единствениот закон што сите треба да го почитуваме без разлика каде сме е Љубовта и почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила“, напиша таа.

Да потсетиме, австралиските власти решија да го депортираат Ѓоковиќ по неговото пристигнување во Мелбурн, а потоа беше сместен во хотел со мигранти, а беше дури и во аеродромски притвор.

Целиот текст на ФАКТОР