Се огласи портпаролот на актерот Били Милер кој почина пред својот 44-ти роденден: Ова е причината за смртта на ѕвездата од хит сериите

Добивај вести на Viber

Се огласи портпаролот на Били Милер, кој почина пред својот 44-ти роденден на 15 септември.Тој рече дека актерот починал во Остин, Тексас и даде повеќе детали.

Според портпаролот на TMZ, актерот Били Милер се борел со депресија. Неговиот тим посочи дека причина за смртта би можело да биде самоубиство, но тоа не е потврдено, се чека официјално соопштение.

Били Милер, кој почина неколку дена пред својот 44-ти роденден, глумеше во хит сериите „Младите и немирните“ и „Општа болница“, во 700 епизоди од првата и 600 епизоди од втората сезона. Ќе остане запаметен по и неговата улога во „Сите мои деца“.

Актерот освои три Еми награди за улогата во „Општа болница“ во 2010, 2013 и 2014 година. Тој глумеше и во следните продукции: „CSI: NY“, „Justified“, „Ringer“, „Castle“, „Ray Donovan“, „Suits“, „Truth Be Told“, „The Rookie“, „NCIS“, „Американски снајперист“.

Мајката Патриша и сестрата Меган, како и многубројната публика, ќе го негуваат споменот на овој актер. 

 Фото:youtube/screenshot