СЕ ОГЛАСИ СЛАВЧО СО НЕДЕЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Топлотниот бран нема да биде долготраен, ќе имаме лето исполнето со временски непогоди и поплави

„Топлотниот бран кој го најавивме и кој ќе започне уште од утрешниот ден, нема да биде долготраен и нема да донесе екстремно високи температури на воздухот. Највисока температура се очекува како и вообичаено во централните и југоисточните предели и таа локално во тој дел од државава ќе достигне до 35 степени.

Исто така, утре и во вторник времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека од среда па натаму очекуваме нова дестабилизација на Атмосферата и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради топлотниот бран, но и поради енергијата во Атмосферата во седмицата која ни претстои има услови и за локална појава на град од поголема величина .

Како што најавивме и во долгорочните анализи за ова лето, долготрајна стабилизација на времето не треба да очекуваме. Временските непогоди и опасност од нови поплави треба да ги очекуваме во текот на целото ова лето. Повеќе детали од анализата прочитајте на Фактор.мк