Се омажи ќерката на Зорица Брунцлиќ: Ова ѝ е втор брак, а пејачката играла и пеела цел ден

Пејачката Зорица Брунцлик ја омажи својата ќерка Миљана, која ја доби во бракот со хармоникашот Љубо Кешељ.

Станува збор за црковната венчавка на Миљана и нејзиниот сопруг, додека граѓанската венчавка се одржа пред две години.

Членовите на семејството споделија фотографии на социјалните мрежи, и покажаа како изгледаат гордите младенци.


Меѓу гостите, беа и сестрата на Миљана, Злата, која Зорица Брунцлик ја доби со сегашниот сопруг Љубомир Аранѓеловиќ Кемиш, како и нејзиниот брат Ѓорѓе Тутиќ, синот на Зорица од бракот со Зоран Тутиќ.


Гордата мајка Зорица не ја криеше радоста што ја мажи  ќерка си, па одигра оро заедно со најблиското семејство пред портата на младенците.


Да потсетиме, Миљана веќе еднаш се омажи, а од таа брачна заедница има ќерка.