Се остварив како мајка после 7мото ин витро и имам прекрасен син: Зоја С.Петрушева за борбата на жените да станат мајки

Добивај вести на Viber



Цели на Здружение за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување - До бебе по патот на ин витро:

1. Да се пронајде решение да се зголеми бројот на ваучери од Фондот за здравство на РСМ за прво дете од сегашните 3 (три) на најмалку 5 (пет).

2. Секој град и општина во нашата држава да издвојува парични средства за финансирање на ин витро постапката за прво дете (вклучувајќи го и ин витрото со дониран матерјал) на оние парови и поединци кои ги искористиле сите 3 (три) ваучери за прво дете и не се оствариле како родители.

3. Изнајдување начин за финансирање на трошоците од страна на Фондот за здравство на РСМ на паровите и поединците, на кои единствено остварување родителство им е само по пат на ин витро со дониран матерјал.

4. Да се стави на позитивна листа поголемиот дел од потребната терапија за ин витро.

5. Да се рефундираат парите на поголемиот дел од потребната терапија за ин витро.

6. Процедурата на ин витро со дониран матерјал да е финансиски достапна за секој кој има потреба од истата.

7. Да се подигне свеста на јавноста за самиот процес на ин витро.

8. Да се пронајде решение да во склоп на самиот ваучер од Фондот за здравство на РСМ е вклучен и психолог.

9. Да секоја Клиника за ин витро има вклучено психолог кој ќе работи во текот на постапката со пациентите без финансиски надоместок од страна на пациентите.

10. Активности на Здружението да организира самостојно или заедно со други организации, правни или физички лица преку советување, семинари и други форми на едукација во областа на ин витро.

11. Организација и организирање на собири од едукативни цели со медицински лица и стручни лица од областа на ин витро, како и со лица инволвирани во самиот ин витро процес.

12. Соработка со медицински установи, ин витро центри, фармацевтски куќи, лаборатории, министерства, приватни и државни органи, општини и тн. Кои ќе ни помогнат во остварување на целите , преку кои ќе се олесни патот за остварување на право на родител.

13. Начелата врз кои се темели работата на здружението се независност, јавност и транспарентност, непрофитност, непартиско дејствување, иницијативи во јавниот живот, хуманост, партнерство, етичност, еднакви можности и одржливост.




Претходна страна