Се ожени Мите Стоилков: Младоженецот не штедеше пари кога одеше по невестата, таа нежна и преубава

Добивај вести на Viber

Финалистот на една од претходните сезони на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, Мите Стоилков викендов застана на лудиот камен.

Шармантниот пејач го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Марија Минова, а атмосферата на венчавката била исклучително весела.


Неизбежно било и наградување на трубачите кога се следеше обичајот одење по невестата, а расположениот младоженец не штедеше ниту момент пари.



На венчавката се „пукаше“ од емоции за што сведочат и фотографиите на пејачот на социјалните мрежи, а најемотивниот момент дефинитивно беше првиот танц.


Со многу нежност танцуваа Мите и неговата невеста, а по нивниот изглед можеше да се види дека ова беше навистина најсреќниот ден во нивниот живот.


Со песната „Буди будна“ на Марко Тоља, сите гости беа воодушевени, особено кога покрај нив се запалија свадбените огномети.

Одличната свадбена веселба траела до доцна во ноќта, а Мите покажа дека е вистински мајстор за емоции, што беше и една од причините што неодамна беше избран за пејач на „Jay Tribute Band“.



ФОТО: Инстаграм