Се појави нова верзија на „најгрдите папучи“ и луѓето се воодушевени колку се „одбивни и привлечни“ во исто време: Наликуваат на овој анимиран лик (ФОТО)
Најпознатиот
модел на папучи, кој се носи таков каков што е, иако е придружен со епитетот „најгрд“,
има ново лице. Тоа лице е инспирирано од еден анимиран лик. Папучите всушност
станаа еден вид сандали-папучи, а реакциите се доста интересни.
Веднаш штом ќе го погледнете новиот модел на овие крокси, јасно ви е дека се инспирирани од Шрек, има препознатливи детали и ремче што ги трансформираше во влечки-сандали.
„Ова се најгрдите папучи што сум ги видел. Ги купувам“,„Кој сака вакви кроксици“, се само дел од коментарите под објавата на новиот модел. Луѓето се искрено изненадени од дизајнот и се доста воодушевени.
Кросите обично се проследени со вакви реакции бидејќи иако се сметаат за „непривлечни“, многу, многу луѓе ги носат.
Популарните влечки имаат толку многу верзии, а неодамна се појавија џиновски крокс - чизми (за оваа есен) дизајнирани во соработка со познат бренд и промовирани од Парис Хилтон.
Како вам ви се допаѓа овој Шрек Крокс модел?
Фото:screenshot