Нина Ангеловска, поранешната министерка за финансии, стана мајка за прв пат.
Според информациите на Фактор, поранешната министерка и успешна бизнисменка има синче.
Таа со методата царски рез родила здраво машко бебе, во познатата приватна болница „Систина“.
Таткото Виктор присуствувал на породувањето.
Како што објави Женски магазин пред неколку дена, ексминистерката сега многу скоро славеше роденден.
По тој убав повод таа приреди мала забава за најблиските пријатели.
Преку социјалните мрежи Нина сподели неколку фотографии, а на дел од нив се гледаше и нејзиното трудничко стомаче.