Нашата алпинистка Ирина Дишо и нејзиниот сопруг пејачот Павле Камилоски станаа родители.
Планинарката која беше секојдневно активна во бременоста роди син, кој го доби името Јосиф.
Инаку, името Јосиф е од еврејско потекло и значи: Господ умножува. Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели и сестрата на Павле, Софка која под објавата напиша: „Ваква љубов раѓа 3.450 гр и 52см, Јосифеее“
Инаку, новопечените родители свадбена веселба направија во февруари годинава, со сите адети.
Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива