Се породи поранешната водителката на „Бекстејџ“: Марија Петровска го роди своето прво чедо
Поранешната водителката на магазинот „Бекстејџ“ Марија Петровска, стана мајка. Роди син. Името на бебенцето се‘ уште не го открија во јавноста, а мама Марија за убавата вест се пофали на стори на Инстаграм.
Инаку Петровска повеќе од 7 години живее во Словенија заедно со нејзиниот партнер, Михаел Сказа.
Пред неполн месец Марија откри дека пријателките и подготвиле „Baby Shower (дарување за бебето)“, но и дека добила многу подароци во сина боја, за синот.
- Искрено во моментов не планираме венчавка. Знаеме дека и двајцата евентуално сакаме да се венчаме и да го направиме и тој чекор, ама не сметам дека заради тоа нашата врска би била посериозна или поцврста. За жал живееме во време кога многу млади стапуваат во брак пребрзо или поради погрешни причини и тоа често резултира со разделба.Ние сме заедно веќе 13 години, од кои 6 години одржувавме врска на далечина, а 7 години живееме задно и сметам дека нашата врска преживеала многу и многупати досега во пракса ја докажала својата цврстина. Ако не постои љубов, компромис и меѓусебно разбирање, ниту еден потпис не е доволен за да се одржи една врска - раскажа во една прилика за Женски магазин, Марија.
Фото: Инстаграм/ Архива - Женски магазин