Се породив на 17 години, едвај преживував и немав пари на син ми да му купам играчка, а денес живееме во луксуз : Еве како се збогатив!

Синди Котрел го напуштила домот на своите родители кога имала само 15 години по расправија со мајка си, па се преселила во мал и валкан стан во предградие на Бирмингем. На само 17 години забременила и живеела со 42 фунти неделно.

Првиот Божиќ како мајка го дочекала во солзи, бидејќи на седуммесечниот син не можела да му купи ниту играчка. Но, денес, 14 години подоцна, нејзиниот животен стил е сосема поинаков. За подарокот на синот издвоила дури илјада фунти, а подготвила и богата вечера. Вели дека си обезбедила пристојна егзистенција благодарение на работата како веб-модел.

-Имав 18 години, се чувствував како лоша мајка бидејќи не треба да имам дете ако не можам да му пружам добар живот, а потоа се заколнав дека ќе направам се што е во моја моќ за да му го обезбедам, ја започна Синди својата животна приказна, а потоа се присети како всушност започнале нејзините неволји.

-Се скарав со мајка ми, но бев премногу горда да останам во таа куќа и премногу млада за да знам некои работи. Требаше да одам на факултет, но немав пари за тоа. Не бев во врска и останав бремена, но кога го родив Џек, почувствував дека мојот живот има цел. Никогаш не сум сакала некого толку многу и само сакав да не морам да го носам во мојот скромен стан. Сакав да има магично детство како моето, раскошни празници и многу подароци. Не сакав да гледа како мајка му расплакана јаде нудли, изјави Синди.

Но, денес се е поинаку, оваа русокоса тврди дека заработува 400 фунти за три часа работа дневно како веб-модел. Но, тоа имаше своја цена - таа се соблекува и се облекува пред камерите додека непознати луѓе на интернет ја гледаат.

-Грозно е, сите ме гледаат додека не завршам. Но јас го одолговлекувам тоа бидејќи тие плаќаат 4 фунти за минута. Можам да имам до 10 гледачи во секое време и сите тие плаќаат што ме гледаат. Некои корисници само сакаат да гледаат, а некои сакаат и да разговараат. Многу од нив се во брак - велат дека тоа не е измама, но сепак се забавуваат, изјави Синди.

Оваа 32-годишна Британка вели дека нејзината мајка била шокирана, но потоа и објаснила дека таа никому не му прави зло, но и дека никој не знае каде живее и дека нема никаков контакт со нив во реалниот живот.

Синди открила и дека се обидела да се откаже од оваа работа, три месеци работела во стоковна куќа, но дека брзо се вратила на веб-моделството. Таа додала дека ќе се откаже од се, доколку нејзиниот син го побара тоа од неа.


Фото: Screenshot