Се породив во 23-тата недела: Лекарите ми рекоа дека бебето нема да преживее, но ја победи смртта 4 пати, а еве како изгледа сега

Четири пати ја победи смртта и ова бебе конечно си замина дома, и покрај сите мрачни прогнози на лекарите

Хана Роуз (25) и Даниел Боунс (27) од Нотингемшир, го добија долгоочекуваниот син, но многу порано отколку што се надеваа.

Малиот Џорџ е роден во 23 -та недела од бременоста. Лекарите велат дека неговите шанси да преживее биле една од милион. Пет различни лекари им рекоа на родителите да не се надеваат на чудо. Сепак, Џорџ е роден со 700 грама и бил, како што велат, помал од болничка игла. Преживеал четири напади на сепса и менингитис. Секој пат, лекарите ги уверуваа родителите дека нивното дете нема да преживее. Преживеа се‘, и по 26 недели во болница, конечно си замина дома. 

- Лекарите ни потенцираа дека шансите да преживее се една во милион и дека не треба да се надеваме. Сега велат дека ова е вистинско чудо - вели Хана, за која ова беше прва бременост, и помина без никакви компликации. 

Потоа, во 23 -та недела од бременоста, почувствувалa болка во грбот. Мислела дека не е ништо страшно, но сепак се јавила кај докторот кој ѝ рекол дека раѓањето започнало.

„Бев скршена и убедена дека Џорџ ќе биде мртвородено бебе“, вели Хана. 

Сега кога се дома, Џорџ се‘ уште се бори со проблеми. Тој не може да дише без шише со кислород, а делот од мозокот што го контролира движењето е оштетен. Тој има хронична болест на белите дробови и во моментов се подготвува за една од многуте операции што го чекаат. Хана и нејзиниот сопруг се убедени дека нивниот мал борец ќе го надмине сето тоа, и моментално собираат пари за првата операција што доаѓа наскоро.


Фото: Profimedia

Тежело колку јаболко: После 13 месеци закрепнување, најмалото бебе на светот е конечно пуштено од болница (ФОТО)