„Се разбудив во 4 часот наутро и го видов моето дете како се дави во када“: Исплашената мајка објасни што се случило

Добивај вести на Viber

На профилот на Инстаграм кој се занимава со совети за луѓето кои за прв пат стануваат родители, објавено е видео, по што многумина останале збунети. Имено, една мајка ја сподели приказната со луѓето на социјалните мрежи и ова е предупредување за сите родители.

Многумина од нас не обрнуваат внимание на капачето за одвод во кадата (освен можеби во контекст на тоа да не го изгубите), но не знаевме дека ако имате мали деца, подобро е да го држите заклучен - како една мајка што тоа ќе прави секогаш по немилиот настан кој го преживеала. Таа на социјалните мрежи го сподели своето искуство каде нејзиното дете било во опасност - а ние го пренесуваме во целост.

- Во 4 часот наутро, нашиот четиригодишен син втрча во нашата спална соба викајќи дека брат му е во кадата и дека му треба итна помош. Го најдовме нашето авантуристичко двегодишно дете во када целосно облечено како се дави. Тој го подиигнал столчето за да се качи во него (никогаш претходно не го направил), го ставил капачето кај одводот, ја отворил славината и ја пуштил славината, ја започна приказната оваа мајка.

- Најстрашниот дел и нешто што ме прави да се чувствувам длабоко истрауматизирана е тоа што тој очигледно се обидуваше да излезе некое време од полната када, но се откажа бидејќи беше уморен... беше на колена и потопен во водата. Да не се разбудеше нашето четиригодишно дете, неговиот брат, не можам ни да замислам што ќе најдевме наутро. Очигледно сега има брава за заклучување на вратата од бањата, а затворачот исто така седи заклучен.

Многу родители споменаа дека никогаш не би помислиле дека нешто вакво може да се случи.

- Толку сум неверојатно благодарна што моето 4-годишно дете се разбуди затоа што никогаш немаше да чуеме ништо (нашата соба е на другиот крај од куќата), а нашето 4-годишно дете толку тешко спие, па искрено е чудо што тој се разбудил. Арчи (две години) бил прегледан од лекар и фала Богу е сосема добро, но, за само неколку минути ова можело да биде сосема поинаква приказна., заклучи таа.

Благодарение на сите предлози, мајката купила аларм и го ставила на вратата од детската соба, па секое отварање додека тие спијат кје засвири алармот како предупредување.

- Се надевам дека оваа приказна може да ги едуцира другите родители, бидејќи искрено мислам дека сум навистина на врвот кога е во прашање безбедноста на децата... Секој плакар е заклучен, секое ситно парче мебел е на безбедно место и правиме  дополнителен напор за да се осигураме дека нашите деца се безбедни во секое време, но искрено најмалку размислував за капачето за одвод, заврши оваа мајка.

Потребни се само неколку сантиметри вода и 20 секунди за детето да се удави. Вимавајте!

View this post on Instagram

A post shared by Tiny Hearts (@tinyheartseducation)


Фото:freepik