Се сеќавате ли на Никола Шоќ: Беше најубавиот фраер во „Преживеан“, а вака изгледа денес (ФОТО)
Но, откако стекна популарност во шоу програмата, како и на филмското платно, Никола брзо исчезна
Манекенот Никола Шоќ на пошироката јавност ѝ стана познат по учеството во реалното шоу „Преживеан“, а после тоа многу убавици се натпреваруваа да му го украдат срцето.
Никола извесен период беше на врвот на листата на најпосакувани момци низ регионот. Црногорскиот модел брзо доби планина понуди, а покрај рекламирањето на бројни брендови, го чекаше и актерска кариера.
Никола ја доби улогата на Боќа во серијата „Budva na pjenu od mora“. Подоцна овој економист по професија играше и во филм, а благодарение на филмот „Biseri Bojane“ публиката го виде на големото платно.
Но, откако стекна популарност во шоу програмата, како и на филмското платно, Никола брзо исчезна.
Денеска и понатаму се занимава со манекенство, а во меѓувреме срцето му го украде Ивана Мачановиќ со која се вери минатата година. Двајцата уживаат во љубовта, живеат во Црна Гора, а манекенот моментално изгледа подобро од било кога.
Неодамна сподели слика од неговите издлабени стомачни мускули, покажувајќи дека сè уште може да се пофали со својот одличен изглед.
Извор: www.espreso.co.rs