Се шушка дека се жени по трет пат: Данијела е втора, а која е првата сопруга на Огњен Амиџиќ? (ФОТО)
Огњен Амиџиќ беше во брак и пред да се ожени со познатата манекенка Данијела Димитровска, и тоа со една од најубавите српски водителки
Познатиот српски водител Огњен Амиџиќ е во среќна врска со 17 години помладата колешка Мина Наумовиќ, а според тамошните медиуми се шпекулира дека можеби ќе се венчаат.
Пред да се впушти во романса со убавата Мина, Амиџиќ долги години беше во брак со манекенката Данијела Димитровска. А откако се разделија, Данијела својата среќа ја најде во прегратките на фудбалерот Јеврем Косниќ.
Сепак, многумина забораваат дека Огњен беше оженет и пред Данијела. Неговата прва сопруга беше една од српските најубави тогашни водителки, Милица Марковиќ.
Милица и Огњен застанаа „на лудиот камен“ на 18-ти јуни 2006-та година и се заколнаа на вечна љубов во манастирот Каона, кој се наоѓа меѓу Ваљево и Шабац.
Потоа одржаа прослава во кафеана, а меѓу гостите имаше голем број познати личности, како од естрадата, така и од другите сфери на јавниот живот.
Милица и Огњен првиот контакт на телевизија го имале кога таа работела како репортер. Таа потоа се повлече од малите екрани во 2008-ма година и се пресели во ПР, а откако Огњен и Милица се разведоа во 2010-та година, немавме можност да ја гледаме често во јавноста.
Интересно е што и додека беше во брак со Амиџиќ, Милица постојано беше во сенка, односно не доаѓаше многу често на јавни настани со својот сопруг тогаш.
Меѓутоа, иако долги години не можевме да ја видиме убавата Милица во јавноста, таа пред извесно време се појави како експерт за комуникации на настан во Сараево.
- Досега не сум сретнала личност која е успешна, а единствено мерило за успех ѝ се наградите. Мерката на успехот пред сѐ треба да биде задоволство од постигнатото, а обично луѓето кои работат и постигнуваат некако се изненадени од наградата, бидејќи не размислуваат за тоа - изјави тогаш Милица. .
Извор: glossy.espreso.co.rs