И дефинитино го преболе Огњен: Данијела и 7 години помладиот фудбалер, фотографирани како разменуваат нежности (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Данијела Димитровска и нејзиниот нов избраник, фудбалерот Јеврем Косниќ, беа фотографирани како разменуваат нежности на белградските улици.

Откако водителот Огњен Амиџиќ ја призна врската со помладата  атрактивната колешка Мина Наумовиќ, во сите домашни медиуми одекна веста дека и неговата поранешна сопруга манекенката со македонско потекло Данијела Димитровска е повторно среќно вљубена.

Новиот избраник е фудбалерот Јеврем Косниќ, кој своевремено играше за Црвена Звезда. Убавата манекенка се обиде да ја сокрие новата врска, но неодамна беше фатена со фудбалер на модна ревија во Будва.

Парот повеќе не се крие, а екипата на емисијата „Папарацо Лов“ ги уловија во емотивно издание на белградските улици. Додека се шетале, речиси цело време разменувале нежности, гушкајќи се и бакнувајќи се. Данијела не ја криеше среќата и цело време се смешкаше, а парот доцна вечерта се шеташе низ центарот на главниот град.


Ги препознаа многу случајни минувачи, но не се криеја и беа опуштени, лежерно шетајќи и уживајќи во убавото време.

Данијела неодамна го коментираше својот емотивен статус кој го окарактеризира како „среќна“ - „Можам само да кажам дека сум среќна, само тоа ќе коментирам на темата за мојот приватен живот“, истакна тогаш Данијела. 


Фото: Screenshot/youtube/reggina1914