Се славеше во домот на Панчеви: „Среќен роденден, Дуде мој“ - Маја му го честиташе роденденот на Дарко

Добивај вести на Viber

Легендата на југословенскиот фудбал, златната копачка од Македонија, Дарко Панчев прослави роденден.

Заедно со семејството и блиски пријатели помеѓу кој и Драган Мијалковски го прослави 59-от роденден.

Неговите ќерки Надица и Марија споделија заеднички фотографии со нивниот татко, како и сопругата Маја.

„Среќен роденден, Дуде мој“, напиша Маја.

Семејството сподели фотографија како фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда му го честиташе роденденот на Панчев со фотографија од времето кога играл во нивниот дрес.

Во својата кариера освои скоро се' што можеше да се освои во фудбалот. За Дарко Панчев, легендата на југословенскиот фудбал и играч кој на Црвена ѕвезда ѝ ја донесе титулата европски шампион и ја освои златната копачка на Европа, скоро и да нема нешто што не е напишано. Тој е нашата гордост и останува запишан во историјата како фудбалерот со број 9, еден од најдобрите на Балканот и пошироко. 

Фото: Инстаграм
РЖМ