Непишано правило е дека врските завршуваат драматично: Данијела Мартиновиќ за првпат си го отвори срцето по турбулентниот период

Добивај вести на Viber

Пејачката се држи одлично додека нејзиниот емотивен живот е главна тема на регионалните медиуми, а истакнува дека некои правци во кои се одвива сѐ не можеле ни да се замислат.

Шармантната поранешна пејачка на групата Магазин, Данијела Мартиновиќ (50) и нејзиниот колега Петар Грашо (46) долго време важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена на нашите простори, па неодамна сите беа изненадени од веста дека повеќе не се заедно, по 24 години врска, пејачот започна врска, па наскоро и стапи во брак со Хана Хуљиќ (31) со која го очекуваат и првото дете, а која всушност, Данијела ја познава од мали нозе.

Во јули доаѓа приновата: Откриен полот на бебето на Петар Грашо и Хана Хуљиќ

Данијела за сето тоа време не сакаше да го коментира нејзиното раскинување или врската на Грашо со девојката која порасна покрај нив, а сега во последното интервју се навраќа на крајот на нејзината голема љубов.

Како што истакна пејачката, кога луѓето се почитуваат, раскинувањето не мора да биде бурно.

- Луѓето обично очекуваат драматична приказна бидејќи непишано правило е дека врските завршуваат драматично. Но, кога имаш личност која ја почитуваш и цениш, тогаш раскинувањето е уште понеразбирливо. А, вистината е дека секој се развива со свое темпо. Се случуваат некои работи, кои ни биле важни, со текот на времето да станат речиси ирелевантни, тоа нѐ збунува, а некои други за кои не ни помислувавме дека можат да станат епицентар на нашите животи, да почнат да нѐ окупираат и да нѐ прават среќни. Кога тоа се случува во врската, најискрено и најправилно е секој да продолжи да се развива во свој ритам и правец. Ако одлуката се донесе во вистински момент, останува меѓусебната почит и благодарност - изјави Данијела за Глорија.

Таа додава дека врската која опстанува од погрешни причини е уште потешка и дека најважно е да ја следите сопствената интуиција.

- Мислам дека најлошата и најопасна работа е да останеш во врска поради страв или обврска. Тогаш врската завршува со горчлив вкус во устата. Неопходно е да го слушате вашиот внатрешен глас бидејќи тогаш нема лошо сценарио за никој. Во длабочините владее мир, кој е секогаш присутен што и да се случува на површината, а таа длабочина е заедничка за сите и многу подобро од нас знае што е најдобро за секого. Кога ќе погледнам преку моето рамо во моето минато со оваа временска дистанца, јасно можам да забележам дека сите најтешки ситуации ме подготвија за неверојатно убави насоки, за кои не сум сонувала ниту во моето лудило, ниту во сон – истакна Данијела.

извор:GLOSSY

Со неа плачеа илјадници луѓе: Данијела Мартиновиќ заплака пеејќи песна која Петар Грашо ја напиша за неа


Петар Грашо ги изненади обожавателите: Сподели видео од бремената сопруга Хана