СЕ СОБРАА МУДРИ ГЛАВИ ДА ГО РЕШАТ СТРАШНИОТ ПРОБЛЕМ СО БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА - агресивните кои никој нема да сака да ги вдоми, ќе бидат евтаназирани

Добивај вести на Viber

На шестиot координативен состанок на ЦУК, на владини институции и невладини организации за решавање на проблемот со бездомните кучиња, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов направи сублимат од досегашните разговори и истакна дека договорените процедури треба да се започнат во најбрз можен период.

– Секаде онаму каде што имаме кучиња за коишто ќе има пријава дека се агресивни, дека напаѓаат, истите треба да добијат приоритет при заловување, потоа тие треба да бидат прочистени, вакцинирани, стерилизирани, чипирани и да се обидеме за нив да најдеме сопственик. Откако ќе најдеме човек којшто ќе ги прифати овие кучиња, тие ќе бидат предадени, но во краен случај кога некој нема да сака да вдоми одредено агресивно куче, со претходно утврдено вештачење од страна на овластен вештак, истите ќе бидат евтанизирани и нема да бидат вратени на улица. Се работи за мал број на детектирани агресивни кучиња – истакна Ангелов. Повеќе на Фактор.мк


Фото: unsplash