Се сончала за викенд и се вратила со издеформирано лице: Завршила во болница поради грешки кои сите ги правиме (ВИДЕО)
IZVOR: TIKTOK/SCREENSHOT/ORLAMCGLYNN
По еден ден сончање се соочила со сериозни последици.
Дерматолозите редовно апелираат на редовна употреба на крема за сончање, бидејќи изгорениците не се единствената последица што може да се случи.
Сепак, Орла Мекгил докажува дека сончањето многумина сè уште не го сфаќаат сериозно. Таа поминала викенд во Корнвол, на југозападниот дел на Велика Британија и вели дека „сонцето воопшто не било силно“. Затоа не нанела ниту крема со заштитен фактор, а по неколку часа се соочила со сериозни последици.
Нејзината кожа поцрвенела, но и на тоа не придавала некоја посебна важност. Малку подоцна лицето почнало да и „гори и отекува“. Било целосно деформирано - едното око целосно затворено, другото помалку. Орла вели дека била обземена од страв, поради што веднаш отишла во болница. Лекарите ѝ дијагностицирале тешка алергија на сонце.
Симптомите на алергија на сонце најчесто се појавуваат неколку часа по изложувањето и без употреба на крема за сончање. Заедно со сето тоа добила и сончев удар, па лекарите веднаш и ја пружиле потребната помош и ѝ ги дале потребните лекови.„Секогаш носете и нанесувајте крема за сончање, дури и кога сонцето не изгледа толку силно. Грижете се за вашата кожа за да не завршите како мене“, напиша таа заедно со ужасните слики од нејзиното отечено лице. За среќа, нејзиниот оток се намалил по неколку дена.
Видеото од нејзините последици привлече големо внимание: „Луѓето не сфаќаат колку е опасно сонцето додека не се случи вакво нешто“, „И мене ми се случи вакво нешто кога имав 13 години со родителите на одмор во Турција , но тогаш не ни знаевме дека е алергија на сонце“, „И ми отече лицето од сонцето, на очите користев кесички чај. Страшно беше, но лицето ми се врати во нормала по два дена“, „Ова е навистина страшно“, и одговорија корисниците...
Погледнете како изгледа нејзиното лице: