Се сретнавме во парк и веќе не се разделивме: Тамара заплака за Влатко

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска се расплака во емисијата „Б со точка“ кај легендарниот радио и ТВ водител и диџеј Драган Б.Костиќ.

Поп-пејачката ја совладаа емоции кога Костиќ ѝ покажа слика од нејзиниот добар другар, починатиот пејач и актер Влатко Илиевски.

„Тој беше добар човек, добро дете, една таква светла точка во мојот живот. Уште не можам да поверувам дека го нема“, рече Тамара низ солзи. 

„Бевме врсници, тој беше постар од мене еден месец, јас сум родена во јуни, тој во јули. Учевме заедно во средно училиште. Како вчера да беше паметам, кога се сретнавме во парк. Од таа средба, како што растевме веќе не се разделивме. Едно време патиштата ни се разидоа, па не се гледавме секој ден, но немаше ден а да не се слушнеме“, изјави Тамара за Влатко.

Во емисијата со Костиќ, Тамара зборуваше за евровизискиот предизвик кој ја очекува во Тел Авив, за семејството, за сестра ѝ Тијана која се вклучи преку Скајп, за сопругот и за децата.

Тамара и Влатко со групата „Морал“  на заеднички настап