Се трудам да не плачам: Најстариот син ја напушта Анџелина Џоли

Добивај вести на Viber

Актерката Анџелина Џоли со најстариот син Медокс стаса на аеродромот во Лос Анџелес за да го испрати на стдуии во Јужна Кореа, каде што ќе биде во следните неколку години.

Оскаровската не ја крие тагата што децата брзо ѝ растат. Затоа пред неколкуте новинари и колеги на Медокс се воздржувала да не заплаче додека го испраќала синот.


18 годишниот Медокс, таа го посвои од Камбоџа уште додека беше мал. Тој одлучи да студира билошки инженеринг, а ќе живее во студенстки дом заедно со неговите колеги. 

„Тој заминува денес. Затоа сум овде. Се обидувам да не плачам. Избра многу добар факултет, мислам дека ќе биде задоволен“, рекла 44 годишната актерка на еден од колегите на Медокс додека новинарите го слушале разговорот. 

Браќата и сестрите на Медокс, останатите пет деца кои Џоли ги има со актерот Бред Пит не се видени на аеродромот. Се претпоставува дека според договорот, некое време се со таткото додека Анџелина не го заврши снимањето во Ново Мексико. 

Фото: Профимедиа