Се вери на Велигден: Поранешната министерка Нина Ангеловска блеска покрај својот избраник (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Искрените насмевки и љубовта во очите се забележуваат и на фотографиите...

Нина Ангеловска, поранешка министерка за финансии на земјава, која на овдешната јавност и беше позната по тоа што беше сопственичка на компанијата за онлајн трговија Групер, е среќна и вљубена.

Таа пред неколку месеци на социјалната мрежа Инстаграм сподели низа фотографии во прегратките на саканиот, а сега отиде еден чекор понатаму.

Имено, на првиот ден од најголемиот христински празник - Велигден, освен велигденските јајца и искрение честитки, на нејзиниот профил на Инстаграм се појавија и низа фотографии од веридбата.

Имено, Нина на овој голем празник и официјално му кажа „да“ на својот избраник Виктор Станков, син на Оливер Станков, професор на Клиниката за урологија.

Дека е навистина среќна, говори и насмевката на нејзиното лице, а како изгледаа на веридбата која ја организираа во кругот на најблиското семејството, погледнете сами на фотографиите во продолжение:

фото: Принтскрин / Инстаграм