Сѐ во бел камен, рустикално, а сепак топло и пријатно: Нина Бадриќ овде бега од гужвите и метежот
Ова е нејзиното место за бегство од метежот и вревата
Познатата пејачка Нина Бадриќ со години работеше напорно за да си обезбеди се што и е потребно за удобен и убав живот. Убавата пејачка поседува неколку имоти во Хрватска и веќе имавме можност да го погледнеме нејзиниот дом во Загреб, но тоа не е се.
Таа создаде свое мало парче рај на Хвар. Иако се труди својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, понекогаш не може да одолее да сподели некои детали со своите следбеници.
Така таа еднаш покажа како изгледа местото, каде оди секогаш кога сака да биде сама, да се одмори или да ужива во пливање и сончање со пријателите во текот на летните денови.
Она што можевме да го видиме од тие фотографии е дека се работи за голема камена куќа во прекрасен рустикален стил, која е опремена со се што ви треба за целосно уживање.
Белите камени ѕидови и прозорците во антички стил со прекрасни погледи на природата се она што ја прави оваа куќа навистина посебна.
За разлика од екстериерниот рустикален стил, внатрешноста на куќата е модерен, прилагоден на уживање и релаксација.
Во галеријата погледнете ја куќата на Нина на Хвар.
FOTO: Instagram / badrich