Се зачести хемиското перење на постелнини во време на Ковид-19: Силвана Митева од „СимРат 2000“

Добивај вести на Viber

Специјализираната фирма за хемиско чистење и водено перење „СимРат 2000“, на чело со Силвана Митева, располага со современ и нов машински парк од италијанско производство и благодарејќи на обучениот персонал и флексибилната организациската поставеност, во кус рок и по поволни цени, врши услуга на врвно ниво.

Визијата на фирмата е да им обезбеди на своите клиенти побрзо, поефикасно и поекономично перење и сушење на нивните алишта и текстил, додека пак мисијата
да ги подобрат и олеснат животите на своите клиенти, овозможувајќи им да го имаат нивниот најчист избор користејќи ги нивните услуги.

Токму Митева, раскажува за својот бизнис, и колку тој е неопходен, особено во време на панедмија на коронавирус.

* Како започна приказната на фирмата, од каде идејата, колку време постои?

- Оваа година навршуваме 20 години од нашето постоење и успешно работење. Побарувачката во тоа време како и недодоволната застапеност на хемиски чистења во градот, а земајќи го предвид знаењето поврзано со работата, желбата за независнот и идејата дека со овој бизнис може да се помогне во дел од домаќинстава да им се олесни работата околу домашните обрски, беа главната мотивација за започнување на овој бизнис.

*  Како се справувате со улогата на жена претприемач, дали поголемиот дел од Вашите вработени се жени?

- Кога работата се работи со љубов и ме исполнува тоа што го работам лесно се справувам со секој предизвик. Нашиот тие се состои од жени кој работат тимски меѓу себе и постојано се подрзуваат и си помагаат во работата.

* Дали чувствувате предрасуди од околината како жена со своја фирма?

- Особено во почетокот се сретнував со многу предрасуди од околината, особено затоа што беа релативно млада, но благодарејќи на несебичната поддршка од мојот сопруг се справував со сите предизвици. Мило ми е што можам да кажам дека замислата и идејата која ја имав за бизнисот ми се оствари онака како што ја имав замислено без да погледнам на предрасудите на околината.

Кои се главните дејности со кои се занимава „СимРат 2000“?

- Хемиско чистење и водено перење на облека и текстил. Горди сме што сме едни од ретките кои работат со перење на венчаници, кожа  и костуми за театарски претстави. Обрнуваме посебно  внимание на секое парче облека да го вратиме во првобитната состојба и тоа предизвикува голем предизвик за нас.

*  Дали во време на пандемија Вашата работа се зголеми или пак доживеа пад? Сега кога треба да се води двојно поголема грижа за хигиената, дали се менува навиката на луѓето повеќе да бараат хемиско чистење на постелнини, облека и слично?

- Нашите клиени ги користат нашите услуги исто како и пред пандемијата. По почетокот на истата и начинот на живот кој ни го налага се зголемуваат потребите од нашите услуги особено во делот на перење постелнина за кои претходно не се практикувало хемиско чистење на истите.

* Според Вашето професионално искуство, кои работи во домот мора да се носат на хемиско чистење?

- За дел од гардеробата произведувачите препорачуваат хемиско чистење. Со цел да се задржи првобитната состојба на гардеробата се препорачува хемиско чистење на волна, свига, крзно, кашмир и кожа. Топла препорака е дека секое парче облека треба да биде испререно на крај на сезоната и така подготвено да ја чека наредната. Исчистената гардероба е заштитена од несакани ефекти. 

Д.Караташова