Се залагаме и ја истакнуваме силата на жените: Интервју со Laurice Rahmé- основач, креатор и претседател Bond No. 9 New York

Добивај вести на Viber

Интервју со Laurice Rahmé- основач, креатор и претседател Bond No. 9 New York

* Кажете ни за Вашите почетоци во индустријата за убавина? Како ја започнавте Вашата кариера?

- Во 1973 година, се приклучив на Lancome-Parisкако директор за меѓународна обука,зголемувајќи го тројно бизнисот за нега на кожата на компанијата на Блискиот исток. Во 1976 година, ја презедов улогата на директор на институтот Lancome de Beauteи преминав во седиштето на L’Oreal USA во Њујорк. Подоцна во Париз, се сретнав со дизајнерката на парфеми Annick Goutal и станав партнер и претседател на едно од нивните одделенија во Њујорк. Од 1989 - 1995 година, бев одговорна за претставување на малата француска компанија во САД и создавање на уникатен маркетинг пристап на брендот. Следуваше препознавање и брз раст, а мојата стратегија трансформираше мал бизнис во меѓународна приказна за успехот која е денес. Почнувајќи од 1995 година, бев американски дистрибутер на Creed, во наредните девет години.

* Ниедно место на светот не е како Њујорк. Како се појави идејата за создавање на парфемска колекција посветена на градот Њујорк?

- Во 2003 година ги лансирав специфичните Bond No. 9  парфеми наменети за жени, мажи но и унисекс. Ние создадовме историја со првата голема колекција на мириси која оддава почит на големиот град: Њујорк. Денес, Bond No. 9  е најиконичната парфемска куќа во Њујорк и глобално признаена луксузна марка. Bond No. 9  има произведено над 90 мириси кои ги слават квартовите во Њујорк, плажите, локациите, но и ексклузивни ко-брендирани колекции на мириси за Saks Fifth Avenue и Harrods. Bond претставува движечка сила во светот на луксузни добра.

* Bond No. 9 ја поттикнува силата на жените - не само со своите мириси, туку и со својата внатрешна женска генијалност, негувајќи ги деловните практики и професионалност. Кажете ни зошто ова е важно за вас.

- Со задоволство можеме да кажеме, дека од самиот почеток се залагаме и ја истакнуваме силата на жените. Нашата приказна и достигнувања, се надеваме дека ќе бидат инспирација за другите жени, професионално или пак во животот кој го водат. Во парфемската индустрија во која долго време доминираа мажите, во Bond No. 9 за првпат на чело застанува жена.Јас лично го надгледувам секој аспект на развој, создавањето на парфемите и пакувањата, до дизајнирање на ентериерот во парфимериите на Bond No. 9.

* Каков е концептот на брендот?

- Во минатиот век, Париз имаше свои мириси. Овој век Њујорк го прави тоа.

Колекцијата Bond No. 9 со повеќе од 90 парфеми за жени, мажи и унисекс има двојна мисија: да ја врати уметноста во парфемскиот свет и да го обележи секој кварт во Њујорк со свој специфичен мирис. Секој мирис претставува карактеристика на центарот на градот, квартовите или пак целиот град.

И ги прошируваме категориите. Покрај свеќите, мирисите и кремите за тело, колекцијата Bond нуди колекции на кармини кои се надополнуваат, вегански се и не се тестирани на животни. Направени се во Њујорк со што особено се гордееме.

Модерни, како и самиот град, мирисите со Bond No. 9 не се традиционални бидејќи линијата е инспирирана од секој кварт, неговиот дух, чувство и енергија.

* Кажете ни нешто за амбалажата?

- Нашето иконско шише со силуета се одликува со уникатни апстрактни дизајни - различни за секој парфем. Секое шише е прекрасно уметничко дело, колекционерско парче, што го издвојува Bond No. 9 од другите компании за парфеми. Нашата амбалажа и нашите мириси ја слават уникатноста што се наоѓа во секое соседство и уникатните украси на нетранспарентна боја, ги прават шик колекционерски предмети… ние имаме колекционери, а не клиенти! Нашите кристално украсени Swarovski шишиња со ограничено издание, како и нашите празнични понуди - од ковчеџиња до мини кутии - се барани, шик колекционерски предмети.

* Состојките?

- Аромите за Бонд бр. 9 се состојат од највисок квалитет на состојки, парфемско масло добиено од целиот свет.

* Како доаѓате до идеја за создавање на нови парфеми?

- Њујорк има неверојатна енергија, како никој друг град и токму тие чувства влијаат на сè што правиме. При изборот на локациите за креациите на Bond No. 9, нашите клиенти нè водат во квартовите кои сакаат да ги видат следни.

Духот на одредена област е инспирација која се стремиме да ја доловиме и оживееме. Секој мирис на Bond е создаден во Њујорк од одбрани мајстори-парфимери - некои од најголемите имиња во бизнисот.


* На Менхетен, која област ве фасцинира и инспирира најмногу?

-Заинтересирана сум за освојување на следните големи креативни квартови во Њујорк. Соседства што минуваат низ вистинска револуција; оние што го комбинираат старото и новото.

* Кажете ни за парфимериите наBond No. 9? Кој ги дизајнираше?

- Bond No. 9 ве носи на место со луксуз, без разлика дали станува збор за блескавите кули во Дубаи или брегот во Хемптонс; еден прскање и веднаш се транспортираш.

Учествував во дизајнирањето иопремувањето на декорот инспирирана од Дворецот Версај, кристалните лустери, столиците со лак-црвена боја и кадифени теписи во боја на песок. Внатрешноста го рефлектира и моето париско наследство и градот кој го засакав, Њујорк. Главната парфимерија на Bond, која се наоѓа на улицата 9 Bond, има огледала насекаде - на sидовите низ целиот коридор долг 3.000 квадратни метри. Со нашите живописно обоени кутии за мирис, прикажани и рефлектирани повеќе пати низ овој простор, вкупниот ефект е калеидоскопски. И непосредно пред нашата влезна врата, улицата е поплочена со калдрми, исто како и патеките во Версај.

* Што е следно за Bond No. 9?

- Бидејќи Њујорк постојано се развива, Bond No. 9 ќе продолжи да заедно со него.

Задржувајќи го старото, сочувувајќи го сегашното и очекувајќи ја иднината.