Се збогувале преку воки-токи: Мајка на 6 деца почина од коронавирус, откако преживеала карцином
фото: WOWT
42-годишна мајка на шест деца, почина од КОВИД-19 откако оздравела од рак на дојка. Санди Рутер од Мерисвил, Вашингтон, почина сама, на 16 март затоа што на нејзиното семејство не било дозволено да биде во собата со неа кога починала. Наместо тоа, нејзините деца, мајка и сестра се собрале пред нејзината болничка соба и и' кажале збогум преку воки-токи.
Рутер се разболе од коронавирус по едногодишна борба со карцином.
Ги одгледувала своите шест деца, на возраст од 13 до 24 години, сама откако нивниот татко починал во 2012 година, објави „Buzzfeed News“.
Еден од нејзините синови, 20-годишниот Елија Рос-Рутер, објасни за Buzzfeed News дека неговата мајка влегла во Providence Regional Medical Center во Вашингтон - место каде што се лекувал првиот познат случај на КОВИД-19, кога за прв пат била примена, Рос-Рутер и неговата мајка поминале осум часа во затворена просторија, при што болничките службеници доаѓале и си оделе додека носеле целосна заштитна облека.
Рос-Рутер изјави за Buzzfeed дека неговата мајка не се ни посомневала дека го има страшниот вирус.
„Мислеше дека има грип“, рече тој, „во тоа време, имаше само 27 пријавени случаи и девет смртни случаи во државата Вашингтон. Заканата се чинеше релативно мала во споредба со сегашните случаи.“
На 7 март Рутер била прегледана од лекарите додека нејзиниот син чекал во пределот за чекање. Неколку часови подоцна, на Рос-Рутер му било кажано дека неговата мајка има пневмонија и треба да ја задржат.
Следниот ден семејството било погодено со уште полоши вести: Рутер беше дијагностицирана со КОВИД-19.
На почетокот, на Рос-Рутер му било дозволено да ја посети неговата мајка со маска, но потоа лекарите целосно ја изолирале. „За некое време, можевме д комуницираме само со пораки“, се сеќава тој.
На 12 март, таа му пишала на нејзиниот син Рос-Рутер дека се чувствува „многу подобро“, но после таа порака, Рутер само одговарала со емотикони.
„Таа ми праќаше срца на пораките, но не одговараше“, рече нејзиниот син.
На 16 март лекарите се јавиле на нејзиното семејство и им рекле да дојдат во болница.
Рос-Рутер и неговите пет браќа и сестри се собрале пред прозорецот каде им било дозволено да наѕирнат во болничката соба на нивната мајка. Преку воки-токи и кажале збогум, додека нивната мајка само слушала на приемникот.
„И реков дека ја сакам ... не треба да се грижи за моите браќа и сестри“, се сеќава Рос-Рутер. Неговата мајка починала подоцна тој ден.
По нејзината смрт близок пријател на фамилијата, покренал GoFundMe кампања и оттогаш собрале скоро 300.000 американски долари, кои ќе бидат наменети за сместување на браќата и сестрите Рутер, од кои тројца се на факултет и три од нив се во средно училиште.