Седа коса, минимална шминка: Моника Белучи изгледа непрепознатливо (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:PROFIMEDIA

Иако сме навикнати да ја гледаме средена и полна со живот, убавата Италијанка беше видена во сосема поинакво издание на новите фотографии.

Една од најубавите актерки на светот, Моника Белучи, не престанува да работи, па папараците ја уловија на снимањето на филмот „Ла Бефана“.

Сите ја знаат како фатална црномуреста заводничка, па овие фотографии ги изненадија сите. И иако е позната и по улогите на фатална заводничка, италијанската дива овојпат ќе прикаже сосема поинаква уметничка трансформација во новиот филм.

Имено, папараците ја забележаа за време на снимањето на филмот „Ла Бефана“ и ја фотографираа во сосема поинакво издание од ова на кое сме навикнале.

За потребите на улогата на вештерката Долорес во најновиот филм, Моника носи седа перика, минимална шминка, истакнати ѝ се очните капаци и е скоро непрепознатлива.

Во костим, со капа и метла, Моника целосно го евоцираше ликот на вештерка која е целосно спротивна на Бефани, стара жена од италијанските приказни која им носи подароци на децата.

извор:stil.kurir.rs
фото:Profimedia