Седум години е со неа во брак, а таа е вистинска убавица: Ова е сопругата на пејачот Спасен Силјаноски

Добивај вести на Viber

Пејачот на народна музика, Спасен Силјаноски иако одамна е присутен на македонската музичка сцена, својата поголема популарност ја доживеа откако неговата песна „Ќе ти дојдам“ стана регионален хит.

Спасен веќе извесно време е водител на емисијата „Везилка“ која се емитува на Телевизија Алфа, заедно со Адријана Алачки.

Силјаноски е активен на социјалните мрежи и често објавува фотографии од неговите настапи надвор од нашата земја.

Неодамна сподели и семејна фотографија, заедно со неговата понежна половина. Ана е вистинска убавица со која е седум години во брак и со која Спасен има две деца.

„Убавицата и ѕверот“, напиша Спасен на фотографијата.

Фото: Фејсбук