Седум тироидни емотикони за седумте типови на заболувања на тироидната жлезда
Компанијата Мерк во глобална кампања за подигнување на јавната свест за различните типови на тироидни пореметувања
Мерк, водечката научна и технолошка компанија, под мотото „Многуте лица на тироидната жлезда – Аларм за свест“ од денеска започнува глобална кампања за подигнување на јавната свест за различните типови на пореметувања на тироидната жлезда. Кампањата ќе се одвива во текот на месец мај, а во рамките на истата за прв пат ќе бидат претставени тироидни емотикони „Thyrojis“ кои ги илустрираат знаците и симптомите на нарушувањата на тироидната жлезда. Седумте тироидни емотикони се дизајнирани од страна на Мерк во соработка со Меѓународната тироидна федерација (TFI), а во насока на одбележување на Интернационалната Недела за Подигнување на Свеста за Тироидната жлезда (ITAW), која официјално трае од 25 до 31 мај.
Во рамките на кампањата предвидени се низа активности. Со цел корисните совети да и се доближат на што поголема публика, кампањата ќе се одвива на социјалните мрежи Facebook и Instagram, на кои ќе се објават разни статии со информации за важноста на заболувањата и симптомите кои се јавуваат кај тироидните заболувања како и потребата од навремено дијагностицирање и почеток на третман, а со цел пациентите да ја вратат нормалната функција на тироидната жлезда и да имаат квалитетен и нормален живот.
Дополнително на 11 мај во периодот од 11:00 до 15:00 часот, во Градскиот парк во Скопје ќе биде организиран и настан на отворено. Настанот е во организација на Здружението на лекари по општа медицина - семејна медицина, а копманијата „Варус“ од Скопје како овластен застапник на Мерк во Македонија ќе биде покровител и ќе обезбеди едукативен материјал за сите посетители кои воедно ќе имаат можност да поразговараат со доктори од Здруженитето и да научат повеќе за тироидните заболувања.
Како и секоја година така и оваа, ќе се одржат и гостувања на експерти од областа на тироидната жлезда во отворени телевизиски контактни емисии, каде ќе се говори за тироидните нарушувања, препознавањето на симптомите, важноста од навремената посета на лекар, како и за примената на соодветен третман.
Инаку, податоците добиени од „Институтот за Патофизиологија и нуклеарна медицина“ во Скопје укажуват дека од година во година бројот на пациенти со одредени заболувања на тироидната жлезда расте. Така ако во 2017 година биле дијагностицирани 18.215 пациенти овој број во 2018 година пораснал на 19.201 пациент што е за 5% повеќе. Најмногу пациенти биле дијагностицирани со хипотироидизам.
„Со оглед на инциденцата и преваленцата на тироидната патологија во Р. С.Македонија, од особено значење е да се подигне свеста за улогата на тироидната жлезда во човековиот организам и промените кои настануваат кога е нарушена нејзината функција. Особено треба да се потенцира ефектот на тироидните хормони врз развојот на мозокот и коскениот систем кај плодот интраутерино, како и влијанието врз регулацијата на базалниот и енергетски метаболизам. Подигањето на свеста за тироидната жлезда и нејзината улога во организмот е од есенцијално значење за здравјето на популацијата и затоа е потребно да се делува проактивно во оваа насока.“ истакнува Асс. Др. Синиша Стојаноски од Институтот за Патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје.
Мерк се надева дека универзалниот јазик на тироидните емотикони ќе го разберат луѓето од целиот свет и ќе ги охрабри оние кои страдаат од симптомите на нарушувањата на тироидната жлезда да бидат дијагностицирани и да бидат поддржани од нивните најблиски.