Сека Алексиќ за новиот дечко на Јелена Карлеуша: Пејачката ја откри интимата на нејзината колешка, ова се случува зад затворени врати
Пејачката
Сека Алексиќ вчеравечер ја воодушеви публиката со својот настап во еден познат
белградски локал, но вниманието на јавноста го привлече и со коментарите за
врската со колешката Јелена Карлеуша.
Имено, Сека и Јелена долги години не комуницирале и воделе медиумска војна, но очигледно по извесно време успеале да најдат заеднички јазик и да ги закопаат секирите.
-Јелена и јас разговараме често, коментираме се‘ и сешто - призна Сека.
На прашањето на новинарката дали зборуваат за неодамнешното признание на Карлеуша дека има машко лице кон кое има чувства, Сека реши да биде криптична, а со својот одговор дополнително ја заинтригира јавноста.
- Искрено, не разговаравме за тоа, но мило ми е што е заљубена. Заљубувањето е убава работа и мило ми е – изјавила фолкерката, а пренесе Курир.
За потсетување, неодамна дојде до конфликт меѓу Сека Алексиќ и раперот Михајло Веруовиќ-Војаж, кога тој непристојно ѝ одговори на пејачката, посочувајќи дека „неговите забави се попопуларни“. Тогаш во одбрана на Сека дојде Јелена Карлеуша. Повеќе за тоа прочитајте ОВДЕ.
Фото: Youtube - screenshoot