Сека, Милица и Александра Пријовиќ со три врвни комбинации: Топ инспирaција за новогодишната ноќ
Доколку ве мачи прашањето „што да облечете за Нова година“, инспирирајте се од празничните тоалети на познатите балкански пејачки
Новата година се ближи, а аутфитот за овој настан ни е особено драг бидејќи отвора многу можности за креативност и гламурозни изданија кои немаме можност да ги носиме во текот на годината.
Сепак, решивме оваа година да не си вршиме притисок за минута до 12, туку во 2023 да влеземе растоварени и спремни на свој начин.
Во продавниците веќе од почетокот на декември можете да најдете парчиња кои неодоливо се поврзуваат со празничната магија, а се украсени со детали во златна, сребрена или повеќебојни светки.
Александра Пријовиќ облече фустан со светки, кој поради својата проѕирност е идеален за новогодишната ноќ. Модните експерти нè советуваат да се свртиме кон фустани кои, на кој било начин, ќе блеснат на новогодишната ноќ и ќе направат да изгледате ефективно како никогаш досега.
Милица Тодоровиќ блеска во нејзините монистри. Сакото и хеланки додаваат посебен шмек на елеганција. Ја истакнуваат фигурата, а под сакото може да се носи и маичка по ваш избор и вкус.
Сека Алексиќ е дама која е навикната на комбинации на црни бои. Од неодамна таа го промени стајлингот и најчесто имаме можност да ја видиме во латекс. Сепак, овој одличен костум е хит за новогодишната ноќ.
Значи, доколку ви се допадна една од овие комбинации, би била идеална, доколку не можете да купите, барем сошијте си додека имате време.
ФОТО: Printscreen/Instagram