СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

Добивај вести на Viber

Појавата на финансиските проблеми значително се одразува на психичкото здравје на луѓето. Поради немање на пари,  се намалуваат можностите, а со тоа расте и незадоволството. Стресот е она што ги мачи поединците кои имаат проблеми со финансии.

Психологот Лариса Стојковиќ-Трајкоска вели дека луѓето се окупирани со парите. Додава дека парите на луѓето им овозможуваат да преживеат, да опстанат, да се развиваат, и најважното, со парите имаат многу поголем избор.  Психологот вели дека секој поединец се стреми кон стекнување на капитал, независно од неговите ставови.

„Капиталот е еднаков на статус, а тоа е еднакво на регулација. Богатството е регулативен елемент, а со тоа е и фактор на лична стабилност. Во нашето општество, како и во секое друго општество има серија на модели на „богати“, модел кој се однесува на сите аспекти на човековото живеење, модел на сè, каква куќа поседува, каде се движи поединецот, со кого се дружи, какви ставови има, како живее. Последица на модел е слобода од притисок. Доброто управување со финансиите е дел од животната филозофија на успехот и среќата. Повеќе на Фактор.мк